Додека за Брисел и Париз имаше истакнување знамиња на Фејсбук, молитви за жртвите, на жителите на земји како Турција, Саудиска Арабија, Ирак, Авганистан, Нигерија и Сирија не им е јасно каде е сочувството на луѓето за нападите и трагедиите кои се случуваат во нивните држави.
Едно објаснување е дека заради географска близина луѓето многу потрагично ги доживеале настаните во Брисел (што не е објаснување за тоа што слично се доживуваат американски трагедии), друго е дека на западњаците едноставно не им е гајле за луѓето од другите делови на светот.
Затоа што ова второво некако повеќе им има логика на сите кои не се Запад, истите овие што прашуваат "не сме ли ние за жалење" почнаа да ја споделуваат светската мапа на трагедии.
Mapamundi Trágico лани ја креира мексиканскиот дизајнер Едуардо Салес (@sallesino), откако во еден ден се убиени над 140 луѓе во кенискиот град Гариса, што на Западот минува речиси незабележано.
По нападот во Брисел, еден од најзабелижливите цртежи кои го обележаа настанот беше надополнет со турските и саудиските трагедии.