Стокпорт Кантри кој сега е шестолигаш во Англија и Донкастер Роверс кој настапува во Лига 1, на 30 март 1946 година го одиграле најдолгиот фудбалски натпревар по кој фудбалерите легнале на трева и ги соблекле копачките.
Се работи за куп натпревар кој по регуларните 90 минути завршил 2:2, а потоа имало продолжение два пати по 15 минути кои завршиле без голови.
Според тогашните правила не биле предвидени пенали, туку продолжување на мечот на кој првиот што ќе постигне гол е победник или попрецизно кажано се играло на златен гол.
Можеби претпоставувате што се случило? Никој не можел да даде гол и да го реши мечот. Тој траел и траел, а легендата вели дека некои од гледачите биле до дома на чај, се вратиле на стадион, а овие уште играле.
Натпреварот на крај завршил околу 19:00 часот, бидејќи паднал мрак и траел точно 203 минути или скоро три и пол часа. Домаќин на средбата бил Стокпорт на стадионот Еџли Парк кој не добил рефлектори и во следните 10 години.
Единствено чаре за да се реши победник било да се игра реванш на кој славел Донкастер со 4:0, но за 90 минути игра.
Натпреварот меѓу Стокпорт Кантри и Донкастер Роверс кој траел 203 минути е светски рекорд во фудбалот.