Михајловски со хет трик му донесе победа на МЕПСО

УНИКА славеше убедливо против ФАКОМ, а до победи во вториот ден од 16. коло во Бизнис лигата стигнаа и екипите на Лукоил и МЕПСО.

УНИКА го искорити играчот помалце кај ФАКОМ

УНИКА 9-3 (2-3) ФАКОМ
УНИКА: Арбен Бајрами 1’ 35’ Шабан Чупи 8’ 37’ 40’ Арбен Нухиу 33’ 40’ Ибиш Мисини 38’ Бенјамин Граинца 40’
ФАКОМ: Боро Мисердовски 10’ 14’ Бојан Јовановски 19’
Во првото полувреме екипата на ФАКОМ прикажа маестрална игра во дуелот со УНИКА каде што во брз и отворен фудбал успеа да ги пронајде пукнатините во одбраната на УНИКА и на полувремето отиде со водство од 2-3. Во второто полувреме се играше егал натпревар УНИКА успеа да израмни на 3-3. Во ваквата егал завршница ФАКОМ остана со играч помалце што УНИКА вешто го искористи па успеа не само да премине во водство туку и на крајот да извојува убедлива победа од 9-3.
 
Лукоил во отворен фудбал до победа над Македонски Телеком

Македонски Телеком 2-4 (1-2) Лукоил
Македонски Телеком: Влатко Манев 17’ 27’
Лукоил: Љупчо Апостоловски 14’ Маријан Цветковски 17’ Мартин Алаѓозовски 30’ Александар Аврамовски 40’
Во првото полувреме екипите на Македонски Телеком и Лукоил прикажаа одличен фудбал во кој преовладуваше брз ритам кој дозволуваше чести удари кон головите. И двете екипи останаа со играч помалце но Лукоил успеа тоа подобро да го искористи па на полувремето замина со водство од 1-2. Во второто полувреме екипата на Македонски Телеком успеа да го израмни резултатот на 2-2, но по само 2 минути игра Лукоил успеа да одговори и да се врати во водство, кое во самиот финиш го зголеми на 2-4
 
Михајловски со хет трик му ја донесе победата на МЕПСО во дуелот со Гранит

МЕПСО 5-4(3-4) Гранит 
МЕПСО: Кристијан Михајловски 11’ 13’ 38’ Братислав Савовски 18’ Виктор Петровски 28’
Гранит: Стеван Митревски 5’ Пепи Мицев 7’ 13’ Сашо Каровски 12’
Во првото полувреме екипата на Гранит имаше подобар влез во натпреварот што резултираше со два гола предност кои екипата на мепсо во понатамошниот дел од полувремето се обидуваше да ги анулира но не успае целосно па Гранит на полувремето замина со предност од 3-4. Во второто полувреме екипта на МЕПСО внесе во своите редови голман играч по што имаше видливи резултати кои на две минути до крајот му донесоа предност од 5-4 која успеаа да ја задржат до самиот крај.
30 март 2016 - 11:22