Гранит во вистински ритам до победа над Шпаркасе банка

Во последниот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија до победи стигнаа УНИКА, Пекабеско и Гранит.

УНИКА преку контра напади до победа над Македонски Телеком 

УНИКА 7-5(2-2) Македонски Телеком
УНИКА: Ибиш Мисини 6’ 24’  Арбен Нухиу 12’ Арбен Бајрами 23’ Шабан Чупи 30’ Бењамин Траинца 39’ 40’
Македонски телеком: Михајло Лазаревски 22’ 27’ 33’ Влатко Манев 19’ 20’
Во првото полувреме екипите на УНИКА и Македонски Телеком демонстрираа брз и отворен фудбал со офанзивна игра. Мора да напоменеме дека се играше и доста цврсто во одбрана која им овозможуваше преку течен контра напад да доаѓаат до реализација. УНИКА прва дојде до водство од 2-0, но екипата на Македонски Телеком се разбуди во последната минута од натпреварот и ги израмни резултатот на 2-2 на полувремето. На почетокот на второто полувреме екипата на Македонски Телеком продолжи со добрата игра и зголеми на 2-3, по што следеше офанзива на УНИКА која не само што израмни туку и поведе со 4-3 за само 2 минути, но Македонски Телеком го имаше во своите редови расположениот Михајло Лазаревски кој со два евро-гола ја држеше резултатската неизвесност се до самиот финиш кога УНИКА реализираше два контра напади и го доби овој натпревар со 7-5.
 
Пекабеско со сериозен пристап до победа над ФАКОМ

Пекабеско 5-3 (4-2) ФАКОМ
Пекабеско: Дејан Неделковски 1’ 9’ 15’ Слободан Игнатов 17’ Петар Киприновски 32’
ФАКОМ: Бојан Јовановски 8’ Шенол Аџировски 20’ Селајдин Кадри 39’
Екипата на Пекабеско перфектно влезе во натпреварот со ФАКОМ правејќи гол разлика уште во раната фаза од првото полувреме, ФАКОМ со два погодоци успеа да намали на 4-2 на полувремето. Во второто полувреме идентична слика, Пекабеско со одличен напад кој имаше перфектна реализација успеа да ја одржи предноста се до две минути пред крајот кога ФАКОМ стигна до еден гол негатива, но расположениот Пекабеско во последните секунди постигна гол и го запечати овој натпревар со резултат 5-3
 
Гранит во вистински ритам до победа над Шпаркасе банка

Гранит 8-4 (4-4) Шпаркасе банка
Гранит: Семир Прентиќ 3’ 8’ 40’ Стеван Митревски 4’ 39’ Пепи Мицев 13’ Сашо Каровски 30’ 40’
Шпаркасе банка: Љубомир Таневски 10’ 15’ Стојнчо Јосифоски 12’ 17’ 
Уште на самиот почеток на натпреварот екипата на Гранит постави одлична игра во која успеа да ги пронајде сите дупки во одбраната на Шпаркасе банка и за само осум минути дојде до одличен резултат по нив 3-0, но екипата на Шпаркасе банка успеа да најде против игра и да ја анулира предноста и со израмнет резултат од 4-4 да отиде н полувремето. Во второто полувреме екипата на гранит ги консолидира своите редови заигра во вистински ритам и дојде до победа на овој натпревар со 7-4
25 март 2016 - 11:29