На крајот на јануари годинава, по социјалните мрежи се сподели едно интересно ретро видео. 2005. година, во бутик со бели ѕидови работи темнолик дечко во црна кошула и со фриуза како солистите на Backstreet Boys и N'Sync.
Дипли, средува, мести гардероба и ретко кој познава дека тоа е Димитри Паје, кој после 11 години ќе биде меѓу најдобрите играчи во Премиер лигата.
Паје игра одлична сезона во Вест Хем. Нема хајлајтс или вести без негово учество во нив. Минатата недела селекторот на Франција Дидие Дешам го пушти полушпицот во првите 11 на пријателската против Холандија а овој му врати со 6 наместени шанси (2 пати повеќе од било кој друг играч), 3 шута во голот, 2 украдени топки и еден шут во пречката.
„Димитри има неверојатни способности", изјави задоволно Дешам после мечот за неговиот адут од ракавот за ЕП во јуни годинава.
По триумфот над Блекбурн во февруари годинава, Славен Билиќ изјави дека Паје е првиот фудбалер на Вест Хем уште од времето на Ди Канио кој има толкаво влијание на играта на тимот.
Со него на теренот, Вест Хем победил 55% од 22 натпревари сезонава и дал 1,8 голови по натпревар. Без него, 7 меча 14% успешност, 0,7 гола по натпревар. „Мислам дека е на нивото на Озил, ако не и подобар. Извршува секакви задачи и ја носи топката напред. Од сите играчи со кои сум работел можам да го споредам само со Модриќ", додаде Хрватот на клупата на Вест Хем.
По триумфот над Блекбурн во февруари годинава, Славен Билиќ изјави дека Паје е првиот фудбалер на Вест Хем уште од времето на Ди Канио кој има толкаво влијание на играта на тимот.
Со него на теренот, Вест Хем победил 55% од 22 натпревари сезонава и дал 1,8 голови по натпревар. Без него, 7 меча 14% успешност, 0,7 гола по натпревар. „Мислам дека е на нивото на Озил, ако не и подобар. Извршува секакви задачи и ја носи топката напред. Од сите играчи со кои сум работел можам да го споредам само со Модриќ", додаде Хрватот на клупата на Вест Хем.
28-годишниот Паје (вчера наполни 28) неочекувано брзо се прилагодил на животот во за многумина непредливата Премиер лига. Кога преоѓал од еден во друг француски клуб неговиот учинок на дебито бил слаб. Во Англија имаше пристоен настап во првото коло и победата против Арсенал на Емирати.
Досега има 8 голови и 8 асистенции на 23 натпревари и ако немаше повреда на скочниот зглоб која го одвои од теренот зимава сигурно ќе имаше двојно подобар учинок.
„Го обожавам Роналдињо само затоа што успеваше да игра истовремено убаво и ефикасно. Уште гледам на фудбалот како на игра и покрај тоа што притисокот е голем, особено ако зборуваме за парите. Навивачите доаѓаат на стадион да се забавуваат. Тоа го правам јас, ги забавувам", изјави Паје неодамна во интервју за Индепендент.
Неговите први тренери и соиграчи од Франција велат дека Димитри отсекогаш бил тежок карактер и правел глупости на и надвор од теренот. Кога луѓето од Ле Авр го извлекле од островот Реунион на Мадагаскар, Димитри не бил спремен за професионален фудбал. Имал проблеми во школото и му фалеле организација и мотивација.
Кога го напуштил Ле Авр бил потполно скршен. Не успеал и во 2003. година се вратил дома во Мадагаскар. По извесно време се обидел во холандскиот Ексцелзиор и решил да не се враќа во Франција.
„Мислев дека на мојот сон му дојде крајот. Кога во Ле Авр ми кажаа дека не сум доволно добар, а тие беа второлигаш тоа силно ме погоди. Сакав само да останам на островот Мадагаскар и да играм фудбал таму", вели Паје за Индепендент.
Димитри во 2005. година добил понуда од Нант и ја прифатил само поради татко му и чичко му чија желба била малиот да игра во Франција. Таа пролет наполнил 18 години и сe уште уживал на плажите и сонцето во родниот град Сан Пјер, а во првенството бил ѕвезда. Во меѓувреме, луѓето од Нант дознале за неговата лоша нарав и незгоден карактер, поради што ставиле ставка во договорот со која може да го раскинат договорот после шест месеци ако Димитри не е професионален.
Паје бил лут на татко му, не му се мрдало од песочните плажи и друштвото, а неколку недели подоцна екипа од еден ТВ канал налетала на него во бутикот во Нант кај што работел.
Нант не ја искористил клаузулата за можен раскин а договорот, но за десет сезони во Лига 1 Паје неколку пати правел неволји. Еднаш дури и се степал со Фабиен Бартез по жесток старт на тренинг. После секое кршење на правилникот, Паје се карал со Бартез, тренерите му замерувале, екипата паѓале сe повеќе, а по еден директен црвен картон чашата се прелеала. Иако имал добра сезона, одлучил да не остане во екипата која испадна во втората лига и замина во Сент Етјен.
Во последните денови од сезоната 2009/2010 Паје напрвил уште еден инцидент. На домашниот меч против Тулуз се скарал со Блес Матуиди (сега во ПСЖ), тогаш капитен на Сент Етјен. Се степаа, а неколку минути подоцна тренерот го извадил Паје од игра, а претседателот му изрекол санкции.
Во таа сезона, Сент Етјен чудесно се спасил од испаѓање, а Паје дал два гола и шест асистенции на 35 првенствени меча. Во новата сезона, Паје почнал да игра неверојатно и дал седум голови во првите седум гола со хет-трик против Ленс и гол против ПСЖ.
Од Сент Етјен премина во Лил за 9 милиони евра и потпиша 4-годишен договор. Во 2010 година го доби првиот повик за француската репрезентација а зимата таа година на радар го ловеа Сити, Ливерпул и ПСЖ.
„Тежок карактер сум, вистина е - призна Паје неодамна во интервју за 442. Во Англија не станав јунак на скандалите и се надевам дека никогаш нема да станам, иако понекогаш е тешко да се контролирате. Свесен сум дека ги нервирам луѓето понекогаш, но веќе сум зрел и се однесувам различно".
После Лил, Паје ја забавуваше публиката и во Марсеј, играше фантастичен фудбал и со Азар и Валбуена беше најинтересниот играч за гледање во Франција.
Еден од најважните моменти во неговата кариера без сомнеж е моментот кога се запознал со Марсело Биелса, легендарниот аргентински тренер на Марсеј. По заминувањето на Валбуена во Премиер лигата, Паје во Марсеј даде 7 голови и имаше дури 22 асистенции на 36 натпревари.
Одличните настапи го препорачаа на најголема сцена. Стигна во Англија каде брзо стана миленик на навивачите на Вест Хем (одби богат договор од Кина).
Поранешниот тренер на Лил и Монпење, Рене' Жерар неодамна изјави дека Паје му личел на мешавина на Кантона и Гаскоњ. „Беше одважен и арогантен. Имаше инстинкт на глумец, сите знаевме дека или ќе стане многу добар фудбалер или кариерата ќе му пропадне целосно.
Навивачите на Вест Хем му смислија песна во која го величаат како подобар од Зидан.
Голот против Русија од слободен.