Човекот од моето маало кој се ракуваше со Јохан Кројф

Немаме инфо колку нашинци успеале да ја запознаат фудбалската величина која почина пред два дена, но знаеме дека Перула Костовски кој живееше во населба Козле му судеше во финалето на Лигата на шампиони. Фотографии од него ни даде Ивко Панговски.

Чуваме ние уште материјал од чичко Ивко и кога го објавивме првиот дел од интервјуто ви најавивме дека тоа што ни го кажа и ни го извади од фиоките ќе го објавуваме со месеци. 
 
Новата ексклузива се фотографии од Перула Костовски кој имаше чест како линиски судија да биде дел од финалето во Лигата на шампионите (тогашен Европски Куп) кое се одигра во Белград во 1973 година. 
 
Фотографиите на кои е единствениот македонскиот арбитар кој му има судено на Јохан Кројф се од македонска меана каде судии и фудбалски работници се собрале за новогодишна прослава во 1977 година.
 
 
 
 
 
 
Ајакс во тоа време беше незапирлив и успеа да стигне до три европски пехари по ред во КЕШ. Во 1971 година во Лондон во финале го совлада Панатионакос, следната година во Ротердам падна Интер со двата гола на Кројф, а хет-трикот на титули му успеа во Белград на Маракана пред 90.000 гледачи на 30 мај 1973-та.
 
Главен судија на мечот беше Миливое Гугуловиќ, а помошници му беа Ратко Чанак и Перула Костовски кој почина во 2004 година на 79 годишна возраст. Капитенската лента на Ајакс ја носеше тогаш 26 годишниот Кројф, а за Јуве играа легендите Дино Ѕоф, Фабио Капело и Роберто Бетега кои пристигнаа во Белград како шампиони на Италија две години по ред. Мечот го реши Германецот Хорст Блакенбург.
 
 
 
 
 
 
 
Хајлајтс
 
 
Репортажа за мечот со пристигнувањето на навивачите, подготовката на стадионот, атмосфера низ улиците во Белград, навивачки песни, полицајци на коњи, ракувањето на Кројф и Перула, како и славје на навивачите на Ајакс и ден по финалето.