Најдобра илустрација на таа сезона на клубот кој последниот голем трофеј го освои во 1993. година беше прекарот Неверкузен.
Тогаш имаше 27 години. Бранеше на 17 натпревари таа сезона, прими 28 голови во ЛШ а успеа дури и да даде еден гол. Во моментов има 41 година и се занимава со продажба и маркетинг како семеен бизнис и дополнително продавал метални врати за магацини.
Јенс Новотни
Со 28 години беше капитен и командант на одбраната. Одигра 14 натпревари во ЛШ. Денес на 42 години им помага на гладните деца во Камбоџа и болните деца во Германија.
Лусио
Еден од најдобрите бразилски стопери кои играл во Европа. Со 24 години беше непробиен бедем пред голот на Леверкузен. На 16 меча таа сезона постигна 3 гола. Сега на 37 години игра во индискиот клуб Гоа.
Томас Клаине
Имаше 24 години и одигра само еден натпревар со оваа генерација на Баер. Во моментов има 38 години и е главен тренер на втората екипа на Гројтер Фурт.
Диего Пласенте
Со 25 години важеше за еден од подобрите леви бекови на стариот континент. Стандардно играше за Аргентина, а за Аспирините настапи на 16 меча. Сега работи како стручњак за аргентинска телевизија и држи пицерија во родниот град. Има 38 години.
Борис Живковиќ
Хрватскиот репрезентативец имаше 26 години и како бек одигра 14 средби. Сега има 40 години и работи како менаџер, агент заедно со Марио Станиќ и Горан Влаовиќ.
Золтан Себескен
Бек. Имаше 26 години, одигра 14 средби и даде 2 гола. Сега со 40 години работи во консалтинг фирма во Германија.
Паскал Ожигве
Со 25 години играше во средниот ред и се појави на 4 средби од ЛШ. Во моментов гради политичка кариера во Нигерија каде живее со семејството.
Карстен Рамелов
28 години, заменик капитен и стандарден репрезентативец на Панцерите. Одигра 14 натпревари, даде 1 гол. Денес има 42 години, почесен капитен е на Баер Леверкузен и работи како бизнисмен.
Марко Бабиќ
Лево крило. Беше еден од најмладите во таа генерација со 21 година. Постигна 1 гол на 2 натпревари во ЛШ. Сега на 35 години работи во фудбалската школа која што ја основал со соиграчот од репрезентацијата на Хрватска, Петар Крпан.
Михаел Балак
Со сигурност лидер на тимот и најдобар играч во екипата. Имаше 25 години, постигна 6 голови на 15 меча во ЛШ. Покрај стручните коментари за германските спортски канали, денес има сопствен бизнис, а често и патувал по светот со семејството.
Јурица Врањеш
Хрватот може да се пофали дека на 22 години бил актер на финален меч од ЛШ. Играше на 10 средби, во 2012-та ја заврши кариерата и стана тренер.
Бернд Шнајдер
Бернд Шнајдер беше можеби најстандарден играч. Како офанзивен десен бек настапи на 17 меча, даде 2 гола и со 28 години беше редовен германски репрезентативец. Сега има 42 години и игра за ветераните во родниот град Јена.
Зе Роберто
Неверојатното лево крило одигра 15 средби за Леверкузен таа сезона во ЛШ. Имаше 27 години и постигна 1 гол, но се прослави со асистенциите до соиграчите. Сега има 41 година и уште игра фудбал во Палмеирас.
Јилдирај Баштурк
Турчинот, роден во Германија имаше 23 и важеше за најдобриот техничар во германската Бундеслига. Одигра 17 натпревари, постигна 1 гол во ЛШ. Денес има 37 години и се занимава со недвижнини во германскиот град Бохум.
Улф Кирстен
Ветеранот со искуството многу ѝ значеше на екипата. Имаше 36 години, одигра 12 средби во ЛШ и постигна 3 мошне важни голови. Напаѓачот денес има 50 години и работи како спортски агент и им помага на фудбалските јуниори од Дрезден.
Димитар Бербатов
Бугаринот со 21 година беше една од ударните игли на нападот на Леверкузен. Одигра 11 меча во ЛШ и даде 2 гола. Во моментов има 35-години и е член на грчки ПАОК.
Томас Брдариќ
Во сезоната 2001/2002 имаше 27 години. На 8 средби даде 1 гол. Денес има 41 година и е главен тренер на германскиот четвртолигаш Штаинбах.
Оливер Нојвил
Имаше 29 години кога Леверкузен стигна до финалето на ЛШ. Таа сезона на 15 меча даде 5 голови во Европа и беше меѓу водечките стрелци на екипата. Денес на 42 години е помошник тренер во У-19 на Борусија Менхенгладбах.
Клаус Томпелер
Тогаш 50-годишниот тренер правеше чуда со Баер Леверкузен. Ги победуваше големите европски гиганти. Во моментов има 64 години, а до април 2008. година работеше како селектор на Грузија по што замина во пензија.