Како увертира на тоа што следува викендов, од спорт на тв за денеска ви најавуваме три фудбалски натпревари, меѓу кои реванш финалето од шпанскиот Супер куп.
Минатата сезона фудбалска Европа доби уште една потврда дека не е се' во парите, а главен показател за тоа беше мадридскиот клуб Атлетико, кој со колективна игра и строг тренер ги собра симпатиите на неутралните навивачи. Сезонава Симеоне со малку изменет состав повторно ќе им пркоси на гигантите.
По вчерашните возбудувања, за добар резултат пред реваншите, вечерва во плеј-оф мечевите од ЛШ ќе се борат Алборг – Апоел, Марибор – Селтик, Лил - Порто, Стандард Лиеж – Зенит и Слован Братислава – Бате Борисов.
Од спорт на ТВ денеска ви го препорачуваме четвртиот квалификациски меч на кошакркарите на Македонија, како и останатите плеј-оф средби од Лига на шампиони каде ќе го гледаме Агим Ибраими.
Гостувањето на „Емирати“ во Лондон чини многу пари, но оваа сезона „Граѓаните“ ќе им излезат во пресрет на своите навивачи кои лани откажуваа карти поради високата цена.
Понеделничката понуда со спорт не е богата, па затоа ви предлагаме да се изнагледате голови во прегледот од силните европски лиги, како и некој останат фудбалски меч и малку атлетика.
Припадник на секцијата Лас Антенас починал во болница откако бил застрелан, по судирот меѓу две спротивставени фракции на аргентинскиот второлигаш Нуева Чикаго. Повредени се уште четворица навивачи на клубот кој е познат по црната хроника.
За овој викенд од Спорт на ТВ ви го предлагаме ракометното скопско дерби, полуфиналињата во Синсинати во тенис, ЕП Атлетика, како и натпревари од првото коло во Премиер лигата и второ коло француско првенство.
Викендов, со натпреварот Манчестер Јунајтед – Свонси (сабота, 13.45ч) ќе стартува лигата поради која после ручекот, ги бркаме девојките или жените во другата соба, легнуваме во сабота и недела закотвени пред ТВ и не мрдаме од кревет. Освен ако не одиме на поправно до кладилница.
Од богатата петочна спортска понуда ви ги издвојуваме настапите на Вардар и Металург во Струга, четвртфинале тенис во Синсинати, Европско првенство атлетика и неколку фудбалски натпревари.
Натпреварот меѓу Рајдерс и Коубојс требаше да биде пријателски, но само еден груб старт го расипа карактерот на мечот кој се претвори во тепачка со 30 играчи.
Новата сезона во НБА лигата, нашиот Перо Антиќ ќе ја отвори на гостувањето кај Торонто на 29. октомври, додека претходната вечер на 28 – ми, во дербито на колото Сан Антонио ќе го пречека Далас.
Во фудбалот, никој не продава како португалскиот гигант. Од година во година, „змејовите“ поставуваат високи стандарди во категоријата купи евтино – продај скапо. Порто на Милан му продаде играч кој го купил 50 пати поевтино.
Натпреварот кој важи за круна на минатата сезона од европските натпреварувања му припадна на големиот фаворит Реал Мадрид, кој со двата гола на Кристијано Роналдо ја совлада Севиља и го смести вториот пехар во своите витрини од Супер Купот на Европа.
Замислете си натпревар на кој голманот постојано рога, а сите други се напред и се тепаат кој да даде гол. Епа така било пред повеќе од 150 години кога имало многу необични правила за офсајд. Сега тренерите користат гугл очила и го мерат секој можен потег.
Неколку навивачи на италијанскиот фудбалски клуб ја оплескале работата, откако прерано резервирале авионски карти за Стокхолм, град во кој биковите гостуваа пред една недела.
Конечно најдовме фаворит во кладилница. Нема да спасуваме никој до мај следната година, ама ќе го носиме Брајтон во елитната англиска лига кој ќе го води поранешениот славен фудбалер на Ливерпул.
Според пишувањата на германскиот Билд, Шпанецот Фернандо Алонсо побарал и ќе добие дупло поголема плата во Ферари со што ќе го надмине легендарниот Шумахер.
Мексиканецот Рафаел Маркез е последниот во низата ветерани кои следната сезона ќе играат во италијанската Серија А. Тој во Верона ќе му се придружи на 37 годишниот Лука Тони.
Летниот период за трансфери секоја година ни носи еден куп шпекулации во весниците кои на тој начин се обидуваат да ја зголемат продажбата. Некои од нив се остваруваат, а други се брзо се демантираат. Една од нејасните ситуации во моментов е онаа со фудбалерот на Јувентус, Артуро Видал кој чилеанските медиуми го пренесоа на „Олд Трафорд“.
Потпретседателот на Италијанската фудбалска федерација, Карло Тавекио ја даде најконтроверзната расистичка изјава овие денови на чизмата. Но уште полошо е што тој добива поддршка и има големи шанси да го победи Деметрио Албертини во трката за шеф на италијанскиот фудбал.