Англиската премиер лига започнува на 16. август и ќе трае сè до 24. мај, период во кој 20 екипи ќе се борат за титула, излез во Европа и за опстанок во најелитното друштво англиско друштво.
Окото на фудбалските сладокусци ќе биде вперено кон новиот стратег на Јунајтед кој ќе треба да го исчисти сметот на Мојс, засилениот состав на Мурињо кој најмногу пазареше од Атлетико Мадрид, звездите од Манчестер Сити кои ќе се тепаат за место во прв тим, стратегијата на Венгер кој се засили со напаѓач од Барселона и играта на Ливерпул кој ги потроши парите од Суарез за повеќе нови имиња.
Челси
Откако лани цела сезона се жалеше дека нема расен голгетер во екипата или стри му биле, Мурињо го доби Диего Коста, кој беше главна алка во нападот на Атлетико Мадрид.
Шпанецот со бразилско потекло во Челси дојде заедно со Фабрегас и Фелипе Луиз, играчи кои ќе треба да допринесат во борбата за третиот пехар на Мурињо во Премиер лигата.
Тимот од „Стемфорд Бриџ“ сезоната ја отвора во понеделник против новиот премиерлигаш, Барнли на гости.
Манчестер Јунајтед
Од друга страна, по очајната сезона со Дејвид Мојес, Манчестер Јунајтед во новата сезона влегува со нов тренер. Холанѓанецот Луј ван Гал имаше доста успешен припремен период, на кој со „црвените ѓаволи“ оствари 5 победи и само една нерешена средба.
Со само 2 недели до завршувањето на преодниот рок, навивачите на „Олд Трафорд“ се’ уште ја чекаат трансфер бомбата.
Ливерпул
Ливерпул со тешко срце го продаде Луиз Суарез во Барселона, но со парите од него донесе 6 нови играчи. Извесно е дека тимот предводен од Брендон Роџерс годинава повторно ќе атакува на трофејот.
Титулата во Ливерпул се чека цели 25 години, а лани им избегна буквално во последните 2 кола.
Манчестер Сити
Актуелниот шампион Манчестер Сити го сочува костурот од минатата година, а згора на тоа се засили со Мангала и Фернандо, високи грубијани кој ќе ја засилат одбраната.
Арсенал
Арсен Венгер сепак немал змија во џебот. Откако лани Реал ги ошури за Месут Озил 50 милиони, годинава Барселона им го наплати Санчез 30 милиони евра.
Во Комјунити Шилд натпреварот, пред само една недела, „топџиите" го скротија скапиот Сити со 3:0, по што сериозно ја истакнаа кандидатурата за највисок пласман.
Најголеми шанси за титулата според британската обложувалница Вил Хил има Челси. Втор е Манчестер Сити, а потоа следуваат Арсенал и Ливерпул.
Како и лани, така и годинава, најголеми шанси да биде најдобар стрелец има Робин Ван Перси. Зад него се Даниел Стариџ, Диего Коста, Серхио Агуеро, Вејн Руни и Алексис Санчез.
Еве што треба да знаете за новата сезона во Премиер лигата:
Манчестер Сити со 22 играчи во првиот состав;
Многу потрошени пари за еден месец;
Новата техника со спреј и во Премиер лигата;
За целиот распоред на сезоната 2014/2015 клик тука.