Откако во Премиер лигата потврдија дека од наредната сезона ќе почнат да го користат спрејот за одбележување жив ѕид, како и за линија од каде треба да се намести топката за шутирање, во Англија ќе стигнат 2.000 спрејови.
„Отворени сме за развој во фудбалската игра и беше јасно дека за време на Мундијалот одбележувањето со спрејовите донесе голем бенефит за судиите и играчите“, изјави извршниот директор на Премиер лигата Ричард Скудмор.
Англиските судии ќе го сефтосаат спрејот на првиот меч во новата сезона помеѓу Манчестер Јунајтед и Свонси кој се игра на 16 август, а Фудбалската асоцијација ќе предложи да се воведе и во натпреварите од ФА купот.
Англичаните толку се возбудиле за овој новитет во фудбалот, што веста за неговото користење на Твитер на имала рекордни 10.000 ретвитања.
Спрејот од наредната сезона ќе се користи и во Лигата на шампиони и Лига Европа, а има муабети дека го тестирале и во српските селски лиги.