Фудбалот се игра за навивачи, но во колевката на овој спорт како да заборавиле на тоа. Веќе четврта година по ред, цените на сезонските влезници постојано растат, па така оние за Арсенал чинат дури 20 пати повеќе од сезонските на Баерн Минхен.
Еден навивач на Кристал Палас треба да одвои 7 пати повеќе пари од оној во Баварија. Германските навивачите за да го гледаат цела сезона минатогодишниот Европски првак во Бундеслигата плаќаат по 131 евра или 104 фунти.
Според податоците кои доаѓаат од Англија, за најдобрите места на трибините на Емирати стадионот за сезонска карта треба да се одвојат дури 2.013 фунти или 2.543 евра, а повисоките сектори чинат 985 фунти или 1.245 евра.
Ниту другиот клуб од северен Лондон нема пристојни цени на сезонските влезници. За да се гледа натпревар од поубавите места на Вајт Харт Лејн кога игра Тотенхем, навивачите треба да одвојат 1.895 фунти (2.394 евра).
На Стемфорд Бриџ, сезонска карта изнесува 1.250 фунти или 1.579 евра. Најевтини карти во англиската Премиер лига има Вест Бромвич Албион со 459 фунти (580 евра).
Единствениот англиски клуб кој почна да внимава на џебот на навивачите е Вест Хем кој веројатно ќе понуди поевтини карти за идната сезона.
„Поевтините сезонски влезници ќе ни овозможат семејна атмосфера на Олимпискот стадион" – изјавил Џек Саливен, синот на сопственикот на тимот од Лондон, Дејвид Саливен.
Англиските медиуми пренесуваат дека дури девет од десет редовни посетители на стадионите се незадоволни од цените за сезонски влезници.