„Црвените ѓаволи“ во новата сезона на навивачите на Јунајтед им забранија влез на стадион со Таблет и Ајпад, а целта е во новата дигитална ера да се спречат снимањата на мечевите кои потоа неовластено ги објавуваат на интернет.
Вечерва на „Олд Трафорд“ Манчестер игра пријателски меч против Валенсија, а на сите фанови кои купиле карта им стигнал мејл со информации околу новата процедура за влегување.
„Сакаме да ве информираме за новата полиса на клубот која се однесува на натпреварите на домашен терен. Навивачите не смејат да носат електронски уреди поголеми од 150mm x100mm. На пример ајпади, таблети и лаптопи се забранети, исто како и големи торби, големи камери и течности со исклучок на мали шишиња со вода.
Во 2010 година американскиот бејзбол клуб Њујорк Јанкес забрани носење на ајпади, но по две години ја укина забраната.