Марко Ројс од Борусија и Левандовски и Милер од Баерн чинат по 50 милиони евра и тоа се најскапите тројца играчи во Германија. Најмногу скокнала цената кај Ројс кој по блескавата сезона со 23 голови и 23 асистенции сега е поскап за 10 милиони евра.
Вториот кој бележи драстичен скок на ова поле е 22 годишниот бразилски талент од Хофенхајм, Роберто Фирмино кој лани блесна со 22 голови и 16 асистенции, а доколку си замине, клубот од него ќе заработи 25 милиони евра.
Потоа следува Хумелс од Борусија кој со 9 милиони поголема вредност, оваа сезона чини 35 милиони евра. Швајцарскиот репрезентативец Рикардо Родригез кој одигра одличен Мундијал поскап е за 8 милиони евра и на 21 година, Волсбург може да го продаде за 28 милиони евра.
Одличните настапи на Светското во Бразил им ја кани цената и на Робен кој сега вреди 30 милиони евра и на Мануел Ноер кој по подигнувањето на златниот пехар со Германија може да се продаде за 40 милиони евра.
Споредено по клубови Баварците се недостижни во однос на моќта и според трансфермаркет вредат 532 милиони евра. Втор највреден клуб во Бундеслигата е Борусија Дортмунд со 333 милиони, а трет е Шалке со 207 милиони евра. Новиот Пардеборн во елитата се приклучува со вредност од 20 милиони евра.
52 издание во Бундеслигата вечерва го отвораат фудбалерите на Баерн Минхен против Волфсбург кои во својата витрина имаат 23 пехари откако германското првенство го доби овој назив. Според светската кладилница bwin тие се апсолутни фаворити за одбрана на трофејот со 1.15.
Најголеми шанси за да им го пореметат планот имаат „Милионерите“ за кои коефициентот изнесува 5.50, а доколку Шалке или Баер Леверкузен успеат да го подигнат пехарот, тогаш добитната комбинација ќе биде коефициентот 34. За Пардерборн квотата е 751.