Порано се знаеше број 1 еден е голманот, броевите 2,3,4,5 се за бековите и така до 11 која е резервирана за центафорот. Во поново време 11-та знае да ја облече стопер како на пример Михајловиќ во Лацио пред десетина година, бројка која сега во тимот од Рим ја носи напаѓачот Клосе.
При претставувањето на новото засилување во Сампдорија, голманот кој доаѓа како позајмен играч на Палермо, а претходно не заигра во Арсенал, се реши за бројот кој нè потсеќа на бекови.
„Јас сум традиционален човек со стар стил. Дресовите под 30 беа зафатени, а јас сум навикнат да го носам бројот со број 1 и затоа се решив за дрес кој е збир на 1+1.“, изјави Вивјано.
Во Италија во минатото голманот на Рома го носеше бројот 10, Сисе во Лацио го одбра хокеарскиот 99, а напаѓачот на Интер, Калон изненади со бројот 3.
Најупорен и најснаодлив за да си го сочува омилениот број беше Чилеанецот Иван Заморано кој стана препознатлив по бројот 1+8. Тоа се должеше поради големата ѕвезда Роналдо кој му ја собра 9-та.