Алонсо досега заработуваше 18 милиони евра годишно, но годишната плата ќе му биде двојно поголема и ќе зема дури 35 милиони евра во наредните 3 години, со што се доаѓа до сума од 105 милиони европски банкноти.
Според пишувањата на Билд, толку пари не земал ниту Шумахер во најдобрите денови од својата кариера. Германецот стигнал до 25 милиони евра годишно.
Алонсо кој во тимот на Маранело пристигна во 2010 година е единствена светла точка сезонава во тимот на Ферари, кои екипно има ужасна сезона, па од таа причина 33 - годишниот Шпанец ги поставил своите услови за вака богат договор.
Двократниот светски првак во Формула 1 ќе ги надмине во заработка и славните спортски имиња Коби Брајант (30 милиони евра), Рожер Федерер (32 милиони евра) и Леброн Џејмс (32 милиони), и ќе стане меѓу најплатените спортисти во светот.