Реал Мадрид - Севиља 2:0
Роналдо 30` 49`
Актуелниот првак од Лигата на Шампионите беше подобар противник од бранителот на титулата од Лига Европа во финалето од овој Куп. Со двата погодоци, Роналдо стигна до бројката од 18 голови постигнати против Севиља која беше немоќна против тимот кој оваа сезона се засили со ѕвездите Родригез и Крос кои го стартуваа мечот.
Герет Бејл упати перфектен центар шут во 30 минута и на тацна му ја даде топката на Роналдо на кој не му беше тешко да ја смести во гол.
На стартот од вториот дел Бензема го пронајде Португалецот кој потоа одлично се снајде во шеснаесетникот и ги постави конечните 2:0
На трибините во Кардиф, меѓу познатите гости беше присутен и газдата на истоимениот англиски клуб кој го прогласивме за офсајд лик на годината.