Од што цело време им текнуваат нови натпреварувања, како да се малце, УЕФА веќе внесе конфузија и кај админот на Твитер, кој направи кардинална грешка. Објавија дека се пуштени во продажба билети за мечот Реал Мадрид - Рома, а такво финале не постои. Во Супер Купот на Европа се среќаат Реал како освојувач на ЛШ и Ајнтрахт Франкфурт како освојувач на ЛЕ. Рома ја освои Конференциската лига, така што нека не се трчаат навивачите по карти и прво нека проверат кој игра во Финска следениот месец.