Кралевите стигнаа до пехарот со гол во 120 минута

Дани Карвахал е човекот кој не дозволи да има пенали во финалето на Супер Купот, кој трет пат оди во рацете на Реал Мадрид. Претходно специјалистот за голови во финале, Серхио Рамос го спаси тимот од пораз во 93 минута. Тимот на Зидан беше без Роналдо, Бејл, Пепе и Крос.

РЕАЛ МАДРИД - СЕВИЉА 3:2
1:0 Асенсио 20`

 

1:1 Васкез 41`

 

1:2 Конопљанка 72`

 

2:2 Рамос 93`

 

3:2 Карвахал 120`

 

Финалето на Европскиот Супер Куп од Трондхајм, Норвешка следната година се сели во Скопје на Филип Втори.

9 август 2016 - 23:32