Ибраими против Келтите за влез во елитата

По вчерашните возбудувања, за добар резултат пред реваншите, вечерва во плеј-оф мечевите од ЛШ ќе се борат Алборг – Апоел, Марибор – Селтик, Лил - Порто, Стандард Лиеж – Зенит и Слован Братислава – Бате Борисов.

МАРИБОР – СЕЛТИК (20:45)

- Кога словенечкиот тим за последен пат играл во Лигата на шампионите, сегашниот тренер Анте Шимунџа бил играч;

- Марибор и Селтик никогаш не играле меѓусебен дуел;

- Шкотскиот тим никогаш не играл против словенечки претставник во Европа, додека Марибор има 3 победи, 1 нерешен исход и 2 порази во дуелите против шкотски екипи;

- Со вкупен резултат 6:1, Марибор загуби од Ренџерс во 2. квалификационо коло во ЛШ (сезона 2001/02);

- Марибор нема пораз во последните 4 средби против шкотски тимови;

- Елиминирани во сезоната 2012/13 од Динамо Загрев и лани од Викторија Плзен, единственото учество во групната фаза од ЛШ на Марибор датира од сезоната 1999/00 кога во двомечот беа подобри од Олимпик Лион;

- Селтик има 8 настапи во натпреварите по групи;

- Келтите успешно ги минаа последните 2 плејоф рунди. Во сезоната 2012/13 беа поуспешни од Хелсинборг а минатата година и го совладаа Шахтјар Караганди;

- Зелено белите бои на Селтик може да бидат дополнителен мотив за НК Марибор, затоа што нивниот наjголем ривал е љубљанска Олимпија, која носи идентични дресови како и „детелините".

ЛИЛ – ПОРТО (20:45)

- Францускиот претставник во Плејофот за ЛШ, по шести пат игра во последната рунда пред групната фаза од елитната шампионска лига. Годинава за противник го имаат повеќекратниот португалски шампион и поранешен европски првак, Порто.

- Овие две екипи немаат меѓусебен дуел во евроспките натпреварувања;

- На 6 дуели против португалските тимови, Лил има негативен биланс од 1 победа, 2 нерешени средби и 3 порази. Французите се без победа на последните 4 дуели против тим од португалскиот шампионат;

- Од друга страна, на 25 натпревари против клубови од Франција, Порто може да се пофали со 12 победи, 7 нерешени и 6 порази.

- Со победата над Монако од 3:0, Порто под водство на Мурињо стигна до европскиот трон во сезоната 2003/04; 

- Лил нема победа на 4 натпревари на домашен терен во европските натпреварувања (1 нерешен дуел и 3 порази). Последната победа на Лил на домашно тло се случи во 2012/13, кога го елиминираа Копенхаген во Плејофот за ЛШ;

- Порто е без победа на последните 5 средби на гости во евро дуелите. Минатата година ја победија Австрија во Виена, а потоа следеа неколку порази;

- Тимот од „Драгао“ 18 пати играл во групната фаза од ЛШ, а Лил 5 пати бил дел од еминентното натпреварување.

 

20 август 2014 - 15:48