Во јануари минатата година навивачите на Манчестер Сити во знак на протест влегоа со банер на гостувањето во Лондон, бидејќи една влезница ги чинеше 62 фунти. Клубот мораше да врати назад 900 карти кои друга група на навивачи ги одби поради цената.
Натпреварот оваа сезона е закажан за 13 септември во рамките на четвртото коло од Премиер лигата, но навивачите на Сити овој пат ќе добијат финансиска помош од клубот.
Влезниците за возрасни ќе чинат 64 фунти, за луѓето на 65 години 27 фунти, а за деца под 16 години 24 фунти. Сити ќе им го скрати трошокот за 50% и со тоа 2.900 навивачи ќе гостуваат со половина поевтини цени.
Арсенал и оваа сезона е познат по високите цени за гостинските навивачи, но и за своите кои ќе треба да издвојат најмногу до 2.013 фунти за годишна карта.
Премиер лигата направи иницијатива во која клубовите годишно ќе треба да издвојуваат по 200.000 фунти за да ги субвенционираат картите на навивачите, а договорот е направен откако на маса седнаа претставници на лигата, клубовите и навивачите.
На скапиот „Емирати“ своите навивачи минатата сезона ги поштеди и Баерн Минхен откако за осминафиналниот меч од Лигата на шампионите, клубот прими 18.000 барања за 2.974 влезници колку што им следуваа.
Влезниците чинеа 62 фунти или 75 евра, а тие му помогнаа со 30 евра на секој навивач, кој на крајот требаше да издвои 45 евра за гостувањето.