По домашниот многу висок пораз од Кил, ракометарите на Вардар одново прикажаа ужасна игра, овој пат на гости против Веспрем кој им беше противник во последното финале во Келн. Не личи ова на европскиот првак.
По триумфот против Монпеље, а потоа и Порто, европскиот првак го забележа и третиот триумф во елитата. Овој пат падна Мотор Запорожје во Украина со тесни 30:31.
Ракометарите на Вардар со триумф ја отворија домашната сезона во Лига на шампиони, откако вечерва во Скопје со 32-27 (14-16) го добија португалскиот шампион.
Европскиот шампион им се заблагодари на ракометарите за епскиот успех кои го направија со Вардар: „Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо“.
Европскиот шампион го претстави својот нов предводник од клупата. Станува збор за шпански тренер кој ќе се обиде да ги повтори епските успеси на неговите сонародници кои ги водеа црвено-црните.
Секој што решил да не дојде синоќа на плоштад се заебал. Ова се тие ноќи за кои живее градот кој по втор пат во три години блесна во европски сјај. Убавини за душа кои ги сакаме пак и пак и пак.
Од бездната до врвот, накратко може да се опише гостувањето на Вардар кај Пик Сегед на реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ одиграа бледи први 30 минути и супер второ полувреме за трет пласман на Ф4!
Ќе изгуби многу европскиот ракомет ако се сеќаваме на овие денови само преку приказни на Јутјуб. И навистина, што повеќе го има израдувано тој народ од ракометот, играта за која се немаат пари, а која е поевтина од фудбалската и кошаркарската индустрија?
Ракометарите на Вардар уште пред една недела го чекираа пласманот во 1/4 финале по убедливиот триумф во Загреб, но вечерва во Скопје прописно се испотија.
Немаше ни „Д“ од балканско дерби во осминафиналето од Лигата на шампионите. Вардар е класи поголем и помоќен противник од хрватскиот претставник кој џабе ќе доаѓа на реванш во Скопје.
И покрај сите најави дека Вардар ќе има тешко гостување кај германскиот гигант Рајн-Некар, „црвено-црните“ од почеток до крај на мечот демонстрираа шампионски ракомет и славеа 27:30.
Македонскиот вицешампион го доби и реванш дуелот против Чеховски Медведи во 8 коло од Лигата на шампионите и сега е уште поблиску до зацврстување на втората позиција во групата Ц.
По двата порази од Веспрем, македонскиот вицешампион славеше против Целје во седмото коло од Лигата на шампионите. Со оваа победа Вардар им го честиташе 15 годишниот јубилеј на Лојал фанс и се зацврсти на втората позиција во групата Ц.
Навивачката група Лојал Фанс ги поканува сите навивачи на ФК Вардар во недела да дојдат на Арената Филип II и заедно да го прослават јубилејот од 15 години постоење, како и есенската титула на нивниот омилен фудбалски клуб.
Во второто гостување сезонава, „црвено-црните" извлекоа реми (34:34) против Монпеље и сега имаат 3 победи и 1 реми во групата Ц. Вардарци стигнаа до бодот во последниот напад кој го реализираше Игор Карачиќ со што Скопјани се на чекор од пласман во следната фаза.
Македонскиот вицепрвак блесна во третото коло од најквалитетното клупско европско натпреварување, а на колена во „Јане Сандански“ падна германскиот вицешампион. Вардарци продолжуваат победнички во голем стил против конкурентот за врвот на табелата.
Македонскиот вицешампион в недела во „Јане Сандански“ ќе атакува на нова победа во третото коло од ракометната Лига на шампиони. Тимот на Рајн Некар е голем испит за Вардарци кои со евентуален триумф би направиле важен исчекор за врвот на табелата.
Историскиот меч во новата сопствена сала, македонскиот вицешампион го одигра беспрекорно, а жртви беа ракометарите на Чеховски Медведи кои се загубија пред црвено-црните момчиња.