Експертите по маркетинг за најголема журка на Балканот уште одамна го прогласија еден мрачен лик и евтин уметник, но ова вардаровото е многу повеќе од тоа. Тоа е вистински рок енд рол од 70-те со хистерија, револуција, опиум за народот. Ваква добра журка за волку мали пари никаде нема да најдете. Не зборуваме за Балканот, ниту за ракометот. Европа дури тогаш ќе стане свесна кога ќе се стишат трибините на Јане, како што пред неколку години се случи во Борис. Ќе изгуби многу европскиот ракомет ако се сеќаваме на овие денови само преку приказни на Јутјуб.
Во земја каде сè и ништо не е во ред, каде најголемиот македонски спортски бренд го слушате во српска режија со сјаен коментатор кој останува без глас, славејќи ја победата и препознавајќи го историскиот момент во кој таа се случува, секој гол, секоја одбрана, секоја насмевка на лицето на секој човек, вреди повеќе од сè што пишува на табелите. Ни грам патетика нема кога велам дека ракометот ги прави луѓето горди, исто како и зборовите на Карачиќ: „Дека овој тим ќе биде запишан со златни букви во историјата на Македонија“.
И навистина, што повеќе го има израдувано тој народ од ракометот, играта за која се немаат пари, а која е поевтина од фудбалската и кошаркарската индустрија? Како аматерски хроничар на случувањата во земјата каде вечно сјае сонцето, не можат да се сетам на поубави повозвишени ствари од тоа друштво што му го понуди на обичниот човек.
Докажано е дека еден клуб може да му одржи лекција на противникот без разлика на буџетот кој нема да му биде ист наредна сезона. И како да го дефинирате сега тоа? Некои напори не може да се гледаат само низ призма на спортот. На крај навистина одиграа како луѓе кои имаат плус две плати на сметка, па решија да почестат 5.000 пријатели.
Пик Сегед не дозволи да биде прегазен во последните 10 минути, туку како повеќе сили да вмешале прсти. Никако другачије не требаше да заврши ова и ниту можеше. Во последните 10 минути заиграа сите оние кои беа таму последниве шест години. Рацете ги крена и Диви, Арпад направи шпага, публиката го палеше Џамбо, Алекс скокаше на глава, Циндриќ се пробиваше како шило, Игор остана ист, Илија го замени Калараш, Столе заврши со знаме на грбот, а шпанската рака видлива, невидлива секогаш знаеше да помести фигури.
Фала Вардаре, фала скопска публико. Ми бевте инспирација во сите овие години.