Лојал Фанс се формирани во 1999 година откако ја напуштија матичната западна трибина по вмешувањето на политика. Цели седум години дејстуваа одделно од матицата. Денес се движечката сила на западната трибина.
Тие се иницијатори на братството со навивачката група на германскиот прволигаш Шалке 04, Ултрас Гелзенкирхен. Ова братсво настанува на еден натпревар од интертото купот помеѓу ФК Вардар и ФК Шалке 04.
Лојал фанс вечерва од 19:00 во салата „Јане Сандански“ ќе го бодрат ракометниот клуб Вардар кој во Лигата на шампионите се среќава против Целје, а утре на „Филип Втори“ од 17:00 најавуваат спектакл на градското дерби против Работнички.
„Нашето постоење остави длабока трага во функционирањето на ФК Вардар. Кога клубот беше на цедило, кога клубот се бореше за својот ,,живот’’ ние како навивачка група никогаш не го напуштивме и останавме верни. Во еден момент бевме и организатори на натпревари и собирачи на топки и што ли уште не за да го одржиме клубот во живот. Сега кога работите се сосема поинаку поставени, можеме да се посветиме максимално на навивањето. Во текот на утрешниот ден ( 30.11.2014 ) ќе приредиме спектакл по повод нашиот јубилеј. Доколку сакате да бидете дел од истиот уште еднаш ве покануваме на арената Филип II. Се додека во вени крвта ми врие, за Вардар срцево мое секогаш ќе бие !!!“, Со почит Loyal Fans Pride of Skopje 1999