Минатата недела се одржа првиот концерт на класична музика на кој беше дозволено, па дури и пожелно, да се пуши марихуана. Не, не кај нас. Во Денвер, Колорадо.
Голманот на Израел, Ариел Харуш поради финансиски проблеми нема земено плата од својот клуб Беитар Јерусалем, но тоа не е причина да киксира за репрезентација. Неговата селекција загуби од Мексико со 3:0, а по катастрофалната проценка на првиот гол, среќата не го посака на вториот.
"Барање игла во сено" е првата асоцијација која доаѓа на памет откако Гугл, не со многу воља, го обелодени составот на своите вработени од кој се гледа дека компанијата е доминантно машка и бела (во бројки 70% машка и 60% бела).
Рекордерот по освоени титули во Лигата на шампионите мораше многу да чека, да менува, но најмногу да купува за да стигне до јубилејната 10-ка. Двајцата претседатели Флорентино Перез и Рамон Калдерон таа ги чинеше 1,1 милијарда евра за засилувања.
По педнатна проверка на медицински статии во најпознатата светска веб енциклопедија, научниците предупредуваат таа внимателно да се користи бидејќи содржи куп грешки поврзани со здравјето.
Првата пресметка од плејофот помеѓу големите градски ривали во салата „Борис Трајковски" им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје кои славеа убедливо против тимот на Работнички и поведоа со 1:0.
Многу неутрални навивачи имаат симпатии спрема помалку моќните клубови, кои со срце, многу работа и тимска игра стигнуваат далеку, како што беше случајот со Атлетико. Но оваа шпанска приказна која е удавена во долгови, тешко дека ќе ја видиме во исто руво и наредната сезона.
По дефиниција измамата е во тоа што парите од инвеститорите не се користат за финансирање на бизниси кои би можеле да донесат пари, туку измамниците парите од новите инвеститори ги користат за исплаќање профит на старите инвеститори. И така во круг додека не пукне.
Насловот звучи премногу лесно и проектот како таков веројатно го остварувате неколку пати неделно, ама не збориме за тоа. Идејата е ладно пиво во секое време, без фрижидери, струја, кабли и слични потребштини. Се што ви треба е дупка во двор.
Книга на двајца пријатели кои еден ден решиле да си го постават прашањето: „Што ако се отарасуваш од еден предмет - само еден - од твојот живот, секој ден во месецот?“. Резултатот е толку добар, што наскоро почнуваш да размислуваш како да се ослободиш од сè што ти е товар. Вклучително и од напорни и лоши луѓе.
На последните парламентарни избори во ЕУ партиите од центарот го задржаа удобното мнозинство што и до сега го имаа во однос на остатокот. Проблемот е што за разлика од претходно, сега во остатокот има многу радикални националисти, избрани од многу млади луѓе.
Алибаба навистина е монструм од компанија. Во мал стан во 1999-та година ја има основано Џек Ма, еден чуден гениј кој денеска тежи преку 8 милијарди долари. На таа тема.
На тим од 13 експерти за социјални медиуми и адвертајзинг, му се потребни до 45 денови за да испланира, креира и да добие одобрување за еден корпоративен пост на социјални медиуми.
Како што малку попушта студот, така ЕУ почнува да изгледа како некој што сака да преземе нешто против Русија заради нејзиниот излет во Украина. Списокот на работи кои ЕУ планира да ги забрани за увоз во Унијата, изгледа како на Гугл да побарале листа на клучни зборови кои се поврзуваат со Русија.
Финалистите во најелитното клупско европско натпреварување патуваа осум месеци и одиграа по 12 натпревари за да го заверат најпосакуваниот билет. Ова ќе биде прва мадридска пресметка во завршницата, 13-то финале за фудбалерите на Реал Мадрид и само второ за Атлетико.
Лигата на шампионите не е џабе кажано дека е најелитно и највозбудливо клупско европско натпреварување. Ќе ви ги вратиме спомените во 90-те кога финалињата ги красеа јунаците Савичевиќ, Бобан, Куман, Шерингам, Солскјер, Клајверт, Југовиќ...
Деновиве почина баварскиот аристократ Принс Руперт Ловенштајн, гуруто за финансиски операции на Ролинг Стоунс и човекот кој успеаа од речиси банкротирана приказна да направи бизнис од скоро една милијарда долари. Како сторијата на Стоунси стана толку исплатлива?
Ако случајно финалето од Лигата на шампиони треба да биде одлучено со изведување на пенали, стишете го звукот од телевизорот за да не го слушнете она коментаторско клише „пенал рулет" или „пенал лотарија".
Не дека во Минесота преовладало пробактериското лоби, туку целата забрана е заради една од клучните состојки на овој вид на сапун. Забраната почнува да важи од 1-ви јануари 2017-та.
Сезоната 2013/2014 од Серија А сигурно ќе се памети по повлекувањето на дресот со број „4“. Вчерашните 90 минути беа последните во неговата 19 годишна кариера во Интер, од каде како играч се повлекува со 16 пехари, од кои 13 ги подигна како капитен.
Вториот по големина телеком во САД, АТ&Т, ќе го купи најголемиот провајдер на сателитска телевизија во земјата, DirecTV. На ова претходеше купувањето на ТајмВорнер од страна на Комкаст за приближно иста сума (45 милијарди долари).