Купувањето АТ&Т го прави по три основи:
прво, да не дозволи Комкаст да му избега со својата понуда, откако неодамна го купија кабелскиот оператор ТајмВорнер,
второ, добива пристап до околу 35 милиони претплатници, од кои 15 милиони во руралните области каде телекомот се уште нема стапнато,
трето, откако реши дополнително да се фокусира на видео содржините, сега АТ&Т добива повеќе моќ во преговорите со медиумските компании.
DirecTV дополнително ќе го зголеми и финансиското портфолио на АТ&Т пред претстојната аукција за безжични фреквенции, за која се очекува да понуди околу 9 милијарди долари.
АТ&Т ја купува компанијата по цена од 95 долари за акција, што е 10% повисоко од цената на акциите на затворањето на берзата во петокот или 30% повисоко од цената на акциите пред да се дознае за можното купување на компанијата.
Во 2011-та, АТ&Т не успешно се обиде да го купи американскиот Т-Мобиле за 39 милијарди долари. Оваа зделка беше одбиена од регулаторните тела заради опасноста од создавање на монопол. Откако пукна спогодбата, тие на Т-Мобиле требаа да му платат отштета од 6 милијарди долари. Сега со DirecTV немаат таква клаузула.
А сега да си го направиме меракот, реприза од кампањата на DirecTV: