Состојки
- 85 грама чоколадни бисквити
- 50 грама стопен путер
- 300 грама крем сирење
- 1 супена лажица обично брашно
- 90 грама фин ситен шеќер
- 2 капки екстракт од ванила
- 1 јајце и една жолчка
- 70 милилитри кисела павлака
- малини
- дополнителен шеќер и вода за преливот
Подготовка
Чекор 1: Убаво замотајте ги чоколадните бисквити во целофан и издробете ги со сукалка. Ова можете да го направите и во кујнски апарат, но тогаш ќе имате повеќе за чистење и дефинитивно не е толку забавно!
Чекор 2: Убаво измешајте ги дробените чоколадни бисквити и стопениот путер и потрудете се двата елемента да бидат целосно споени. Рамномерно распоредете ја смесата врз основата и ставете ја кратко време во фрижидер да се излади.
Чекор 3: А сега да го направиме делот со сирењето – полесно не може да биде! Измешајте го крем сирењето со брашното, шеќерот, екстрактот од ванила, јајцето и жолчката од јајце, и киселата павлака. Мешајте неколку минути додека смесата да стане лесна и пенеста.
Чекор 4: Сипете ја смесата врз основата од бисквити и рамномерно распоредете ја. Потоа ставете ја да се пече 30 минути во рерна загреана на 180 степени. Ако имате рерна со вентилатор, подесете ја температурата на 160 степени.
Чекор 5: Сварете ги малините во шеќер и вода и оставете ги да искрчкаат за да добиете сладок и леплив сос.
Чекор 6: Извадете го чизкејкот од рерна и оставете го да се излади, а потоа ставете го во фрижидер да отстои 1 час за полесно да го извадите од тавата.
Превртете го на чинија и украсете го со сосот од малини и неколку цели свежи малини.
СОВЕТ: Ова е печен чизкејк, но има и други варијанти за кои не е потребно толку време за подготовка. Можете да ставите овошје во смесата за чизкејк пред да ја испечете или пак да експериментирате со вкусовите. За овој рецепт одлично одговараат и вкусови на цитрусово овошје како што се лимонот или зелениот лимон.