Деновиве постепено низ цел свет треба да биде пуштен МЕГА сервисот на Ким Дотком, кој сериозно се заканува засекогаш да го демонтира комплетниот светски систем на авторски права.
Директорот на американското национално биро за алергии и заразни болести предупреди дека ова може да биде најлоша сезона на грип во изминатава деценија.
Македонската репрезентација го забележа вториот пораз на светскиот ракометен собир во Шпанија и покрај тоа што имаше предност во поголемиот тек од натпреварот против Данска. Со овој пораз во следната фаза ја избегнавме Франција.
На само 19 години Колумбиецот Хуан Куантеро ги демонстрираше своите вештини за изведување слободни удари од каде и искусните голгетерни не умеат да погодат. Колумбија загуби од Аргентина со 3:2 на мечот за селекции до 20 години, а ова дефинитивно е најубавиот момент на натпреварот.
Во 2012 бројот на меил корисници во светот пораснал на 2,2 милијарди, кои дневно праќаат околу 144 милијарди мејлови. Годишниот извештај за користењето на интернет во 2012-та.
Програмер кој заработувал 6-цифрена плата добил отказ од работа, откако неговите шефови сфатиле дека тој некако премногу добро си ја завршува работата.
Човекот кој работи во сенка во екипата на Фиорентина не и е многу познат на јавноста, но тој го носи прекарот "магионичар" затоа што за 38% проценти од постигнатите голови на „Виолетовите" заслугите му ги препишуваат нему.
Иако големата Русија постојано беше во водство, избраниците на Шундовски во последните мигови од средбата освоија драгоцен бод во четвртото коло од светскиот ракометен шампионат во Шпанија.
Играчите кои се на залезот на својата кариера и кои ја надминаа 30 година од својот живот се имињата кои најчесто се вртат во медиумите како трансфери кои ќе го одбележат јануарскиот преоден рок.
Аарон Шварц е човекот кој беше дел од создавањето многу стварно интересни и потребни работи. Тој на 14 години учествуваше во правењето на "RSS" протоколот, кој служи за читање на веб страни без да мора да ги посетувате.
Постојат песни кои илјада пати сме ги слушнале и ги знаеме на памет. А имаат некое делче кое го пееме со остатокот од песната, како да разбираме што значи.
Екипите кои на полувреме губат на гостување кај Манчестер Јунајтед можат да заборават на поените. Скоро 30 години никој нема победено на Олд Трафорд откако губел на полувреме.
За оние кои им е здосадено да бројат калории или применуваат други стандардни методи на задржување на линијата, екипа гастроентеролози смислиле ефикасен гаџет кој ќе им помогне да се решат од вишокот изедено. Одвратно ефикасен.
Виктор Франкл е еврејски психијатар од Виена кој во 1942-ра, завршува во еден од концентрационите кампови. Три години подоцна излегува од таму, за во 1946-та да ја објави книгата "Човековата потрага по смислата," книга за неговото искуство во кампот (која ја пишува за 9 дена). Според него, разликата меѓу оние кои преживеале и кои умреле се сведува на една работа: Смисла.
Со цена од 4 милиони долари за реклама од 30 секунди (околу 133.333 долари за секунда) паузата на Супер Боул годинава останува најинтересниот маркетиншки настан на телевизија.
На 19-ти јануари во Атина ќе се одржи масовен анти-фашистички протест, организиран од 24 организации со најразлична политичка позадина, сите насочени против растот на Златна зора и фашизмот во Грција.
Пред кај нас годинава да падне каков било сериозен снег, едно писмо на Хрват (не до нас) инспириран од тамошното натрупување со снег што им се случува деновиве, на тема возачи и возење на снег. Сè може и тука да се искористи.
Најголемиот саем за потрошувачка електроника само што заврши во САД. Под потрошувачка електроника се подразбира се од телевизори и фотоапарати до часовници и "паметни" виљушки. Ова се некои од најдобрите нови примероци во некои од категориите.
Со победа против Катар од 34:30, ракометната репрезентација на Македонија го доби и вториот натпревар на Светското ракометно првенство во Шпанија. Клучен момент за триумфот на избраниците на Шундовски беше фантастичото прво полувреме во кое постигнаа 21 гол.
Македонската ракометна репрезентација првиот натпревар на Светското првенство во Шпанија го почна со триумф, но со издание далеку под очекувањата. Третото учество на Мундијалите нашите ракометари го отворија со победа против Чиле од 30:28.
Марија Попова и нејзиниот блог BrainPickings се фино освежување од доминантните содржини на интернет. Книги, уметност, наука, фино дизајнирано и читливо. Така мислат и 1,2 милиони читатели месечно. Еве што мисли таа.