Луто

Луто макало од грав

Чили con carne Луто макало

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 250 гр. мелено месо
  • 250 гр. црвен грав од конзерва
  • 250 гр. варена пченка
  • бибер
  • оригано
  • сол
  • 1 чили пиперче
  • 4 домати
  • 1 коцка за супа
  • сенф
  • масло за пржење

Подготовка

Меленото месо се пропржува убаво во тава со малку масло за готвење. 2 домати се лупат и се пасираат. Останатите домати се лупат и се сецкаат.

Се додава сенфот, пасираните домати и коцката за супа. Се додава вода (не многу, само малку да не би загорело). Се вари 5 мин и потоа се додава пченката, сецканите домати и чили пиперчето. Се додава сол, бибер, оригано и сето заедно се остава да се вари 15-20 мин додека ја добие потребната густина.

Послужете го со чипс по желба.

19 јануари 2013 - 08:37