Овошен десерт

Mедено срце

Лесен десерт со мармалад од кајсии.

Време на подготовка:
60 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
1 ч. 30 мин.

Порции

12 лица

Состојки

300 мл. млеко
300 гр. шеќер
2 лажици какао
1 ќесичка цимет
1 ќесичка прашок за пециво
2 лажици зејтин
400 гр. брашно
2 лажици мармалад од кајсија или од сливи
100 гр. чоколадо
1 лажица масло

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Изматете ги со миксер во длабок сад млекото, шеќерот, какао, цимет, прашок за пециво , масло и брашно. Печете ја половина од смесата во плех обложен со хартија за печење, околу 10 минути.
Извадете го плехот од рерна и премачкајте го со мармаладот. Потоа прелијте го со другата половина на филот и печете уштре 20 минути во загреаната рерна.

Печениот колач прелијте го со растопено чоколадо со една лажица масло. Послужете го колачот изладен и исечен на коцки

Добар апетит !

16 јануари 2013 - 07:00