Брз доручек

Брзи пирошки

Брзи и вксуни пирошки со сирење.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • 1 печиво
  • 200 гр. сирење
  • 400 гр. брашно

Подготовка

Во длабок сад измешајте ги јогуртот,јајцата,пецивото,ситно издробеното сирење и брашното. Со миксер замесете тесто.

Од тестото расукајте кора и исечете ја на ленти со големина од 20 см. Оставете ги лентите да одстојат 10 мин.

Пржете ги пирошките во тава со масло на силен оган. По пржењето пирошките извадете ги врз хартиена салфетка за да се впие вишокот на масло. Послужете ги топли со чаша јогурт.

На здравје!

 

15 јануари 2013 - 07:00