Кога се зборува за брада, ако ги прашуваш жените, помеѓу тазе муџахедин, сериозен војвода и Гандалф, секогаш најдобро е да изгледаш како Рајан Гослинг.
Вековниот страв на Македонец од несоница опеан во многу народни песни (види последна строфа), едно истражување на дански научници го потврди како животворен и пред се, многудетен.
Два дена пред Божиќ, група од околу 30 мажи (меѓу кои и високи политички функционери) одат на лов на диви свињи во резерват во Молдавија. За време на ловот не сакајќи беше застрелан еден од ловџиите, 41-годишен бизнисмен, што последователно доведе до оставка на премиерот.
Екипата на Борусија Дортмунд го следеше примерот на Баерн Минхен и со четирите гола на фантастичниот Левандовски го декласираше Реал Мадрид со 4:1 на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. На повидок е германско финале.
Хакирањето на позната Твитер сметка, како онаа на АП, која агенцијата ја користи за испраќање на најнови вести на некои 2 милиони следбеници, звучи како компликувана работа. Излезе дека не е.
Луис Суарез беше во центарот на вниманието со израмнувачкиот гол во 97-та минута против Челси, но и со гризнувањето на Ивановиќ со што ги поттикна кладилниците да ја зголемат нивната понуда со неколку интересни опции за кладење поврзани со неговото име.
Баерн Минхен ја надигра Барселона и сосема заслужено ќе патува на реваншот со голема предност, но сепак останува впечатокот дека судијата Виктор Касаи донесе неколку неправилни одлуки со кои директно делуваше на натпреварот.
Каталонскиот тим предводен од најдобриот играч на планетата Лео Меси беше тотално надигран и немоќен на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. Баерн обезбеди убедлива предност од 4:0 на првиот дуел на „Алијанц арената" во Минхен и е речиси финалист.
Пред почетокот, но и во текот на целата сезона, кладилниците сметаа дека Барселона е најголем фаворит за освојување на Лигата на шампиони, но го сменија своето мислење по извлекувањето на полуфиналните парови. Сега фаворити се Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Најтрофејниот фудбалски клуб во Премиер лигата, екипата на Манчестер Јунајтед, ја освои јубилејната 20-та титула. „Црвените ѓаволи" ја потврдија моменталната доминација во англискиот фудбал обезбедувајќи ја титулата на 4 кола пред крајот на сезоната со победата над Астон Вила.
Во наредните два дена фудбалска Европа ги нуди двете големи полуфинални битки од ЛШ, во кои Баерн и Борусија Дортмунд на првите дуели им се домаќини на Барселона и Реал Мадрид. Погледнете ги какви се привилегиите на германските навивачи во однос на шпанските.
Фудбалерите на Јувентус не само што ги израдуваа своите навивачи со победата над Милан, туку и им донесоа најмногу пари на обложувачите во Спортлајф овој викенд, а најчесто тикетите завршуваа во канта заради шпански екипи.
Љубителите на фудбалот кои не ја сакаат Барселона, особено навивачите на Реал Мадрид, често пати знаат да кажат дека Каталонците претеруваат со "тики-така" играта и дека не можат да победат без Лионел Меси. Оваа статистика ќе им ја побие тезата.
Ако човек сака да биде среќен, треба да престане да се споредува со другите. Спротивната опција е постојано да се чувствуваш како комплетен неуспех во животот.