Некогашното дете од школата на Манчестер Јунајтед денес го носи целиот прв тим во моменти кога на соиграчите не им оди баш најдобро. Го ашкаа по позајмици во втора лига за да се врати на „Олд Трафорд“ како зрел играч спремен за настап на Мундијалот 2018.
Откако жена му му поставила услов да направи хет-трик сезонава ако сака да чува куче дома, американскиот бек од Нотингем, Ерик Лихај сензационално со два гола го елиминираше Арсенал од ФА Купот, па тоа беше доволно да го вдоми малиот ’Ганер’.
Пред 30 години емитувана е првата епизода од социјалистичката сапуница „Подобар живот.“ Авторот на текстот неодамна повторно ги гледа сите 82 епизоди. Резултат: серијата има многу повеќе што да ни каже за социјалистичкото минато и капиталистичката сегашност отколку современите културни производи и политички трендови.
„Тоа што го прави тој не го направил ниту еден политичар. Салах ги обедини сите - Мароканци, Тунижани, Саудијци, Кувајтци, жители на Емирати и Оман - сите го сакаат. Кога се случува некаков напад, Салах е единствен кои ги теши жителите и им дава надеж.
Зборувајќи на Ен-би-си за својата книга, Мајкл Волф изјавува дека „луѓето на Трамп го сметаат него за дете“ објаснувајќи дека американскиот претседател има постојана потреба од инстантно задоволство, „ниту чита, ниту слуша, тој е како флипер, само мава на сите страни.“
За да го разберете фудбалот на Пеп Гвардиола потребно е да го гледате малиот Јозуа Кимих - дете на Штутгарт којшто во моментов е најдобриот играч на Германија и Баерн Минхен. А му викале дека е мал и дека нема да успее.
Последниот извештај за внатрешната миграција во САД покажува дека источниот брег се напушта и луѓето одат на западниот, каде што е поевтино, потопло и полесно за наоѓање работа. Популарноста најмногу му расте на Ајдахо а од Илиноис е општа бежанија.
Не е само Боксинг деј празник на кој Англичаните знаат да се изнапукаат со голови. Внимавајте како ја почнаа годината фудбалерите на Фулам и тоа со помош на дете родено 2000-та година за кое гризат Реал и Манчестер Јунајтед.
Во годината со која се поздравивме имаше многу настани кои ќе се раскажуваат уште долго време. Прошталните средби на Тоти и Чаби Алонсо, хет-трикот на Меси за пласман на Светско, смешниот Мамаду Сако, голманот на Мајнц и уште многу други.
Емануел Адебајор го посинил синот на неговиот постар брат Питер којшто починал во јули 2013-та. Некогашниот центарфор на Арсенал, Тотенхем, Реал Мадрид и Манчестер Сити за оваа хумана вест објавил на официјалниот профил на Instagram. Тоа е најдобар подарок за Нова година за малиот Џуниор.
Љубителите на фудбалот (или на кладилниците) сигурно се чудат како еден анонимен клуб како Касимпаша се најде на втората позиција во Турција. Тајната е во тоа што Касимпаша е омилен тим на премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Изумителот на најраспространетиот автомат почина вчера на 94 години. Главната асоцијација за АК47 е дека е феноменална комбинација на издржливост и едноставност за произведување и користење. Еве го објаснувањето зад сето ова:
Младиот навивач кој не пропушта ниту еден натпревар и ја бодри Херта од Берлин заедно со ултрасите, доби шанса да го брани голот на својот омилен тим и направи сензација на гостувањето кај Борусија Дортмунд.
Тринидад и Тобаго е најмалата островска држава која стигна до еден Мундијал, а тоа беше во 2006 година. Кон тоа сега се стреми островот Исланд кој има двојно помала популација од Скопје. Макотрпната работа им започна уште пред четири децении со еден не баш познат англиски стручњак.
Се исполни сонот на малото детенце кое со години беше снимано како страсно навива на трибините на стадионот на Осасуна. Хозе Гарсија на 16 години дебитираше за првиот тим на својот омилен клуб.
„Најцврсто затворените врати се оние кои се ширум отворени", вели еден прастар запис од Тибет. Постои говор кој некој ќе го открие утре, а можеби и никој нема да се обиде да го пронајде.
Сега е лесно да се тврди дека промоцијата на ајподот на Епл беше "првата пушка" во револуцијата која следеше, меѓутоа, тогаш, на 23-ти октомври 2001-ва година, малкумина гледаа нешто битно во покажаниот вокмен. Еден од нив сигурно беше Стив Џобс. А друг, Бил Гејтс.
Koга се во прашање стриповите, главно ги фаворизираме нам омилените Калвин и Хобс и xkcd. Но еден неправедно сме го прескокнале - Дилберт и неговите канцелариски авантури. Интервју со неговиот автор, по повод излегувањето на неговата нова книга.
Тома Здравковиќ? Тоа е оној пејач што од школо има само основно и курс за тракторист? Точно. Оној што се женеше 3 пати и на крајот умре без деца? Баш така. Оној што целото богатство го потроши по кафани и коцкарници за потоа да остави само еднособен стан на Петлово Брдо? Сосема сте во право.
Сигурно никогаш до сега не сте слушнале за фудбалерот на холандскиот второлигаш Волендам - Роберт Мурен, а можеби никогаш повторно нема ни да слушнете, но тој синоќа беше главен актер на една од најдобрите спортски приказни оваа сезона.
Името на јунакот сè уште не е познато и само знаеме дека има 11 години и дека Вест Бромвич Албион има светла иднина. Малиот мајстор на 11 години дрибла и дава голови како Зидан во најдобри денови.