Јозуа Кимих е роден во селото Безинген кое има околу 1.700 луѓе. Уште од мал насекаде играл со топката - кршел стакла, прозори и ги газел цвеќињата во дворот. Родителите го истрпеле а потоа татко му на Јозуа, Бертолд, се уморил секој месец да чисти срчи и му нашол на син му и неговите другари сигурна ливада на безопасно растојание од дома.
Скаутите на Штутгарт (тогаш шампион на Германија, ја зема титулата во сезоната 2006/2007) три пати доаѓале во Безинген каде Јозуа веќе играл за локалната екипа но никако не можеле да ги убедат Бертолд и Ана Кимих да го пуштат малиот во академијата.
Еднаш им се јавиле од јуниорскиот департмент на швапскиот клуб: „Ве повикуваме на екскурзија во базата. Да видите како се е организирано, гарантирано дека на вашиот син и вас ќе ви се допаѓа.“ -Ако ви треба нешто од нас, дојдете сами, им одговорил Бертолд и спуштил слушалка. Следниот ден Кимих се сретнал во својот дом со главниот човек на академијата на Штутгарт којшто дошол лично да го реши прашањето.
Во академијата на Штутгарт Кимих бил најмлад играч во својата група и секогаш ја средувал масата по ручекот на другите. И тоа не би му сметало ако на теренот покажувал класа. Но тогаш се јавиле првите потешкоти:
„Ти уште не си спремен“, „Раскрени ја масата“, „Во прв тим играат подобри играчи од тебе“, “Извини, ама немаш шанси“, му викале разгалените градски деца на малиот Кимо.
Еден ден од досада Кимих и неговите соиграчи дошле до кујната на академијата и почнале да фрлаат се што им се нашло при рака: киви, банани, грозје, јаболка. Поради тоа за малку не го избркале од школата.
Малиот Јозуа решил да смени клуб. Се посоветувал со родителите и преминал во Лајпциг. Таму првпат влегол во првиот тим, заиграл во професионалната лига и му помогнал на Ред Бул Лајпциг да се искачи еден ранг погоре.
После две години Штутгарт ја активирал опцијата за откуп на договорот на играчот и го вратил Кимих за 1,5 милиони евра. Интересно во истиот преоден рок Кимих преминал во гигантот Баерн Минхен.
Баерн за него платил дури 7 милиони евра, но проблемот на Штутгарт бил од поинаква природа: „Би му скокал на глава на секој што учествувал во продажбата на Кимих. Тоа е незамисливо! Немаа право да продадат уште еден вака важен играч за нас“, по овие зборови главниот тренер на Штутгарт Александр Цорнигер бил избркан од клубот а екипата на крајот од сезоната испадна во втората бундеслига.
ВО ГОРДОСТА НА БАВАРИЈА
Кога стигнал во конференциската сала на Баерн Минхен, Јозуа се спремал за првиот разговор со Гвардиола. Тоа не било дијалог зошто воглавном зборувал Пеп. Шпанецот му ги кажал силните страни на Кимих а потоа зборувале за дисциплините на кои морал подробно да поработи и на крај му објаснил што конкретно може да му помогне.
Кога зборувале за позициите на теренот, малиот Јозуа рекол дека позицијата е последната која го загрижува: „Може да ме ставите и на гол, со задоволство ќе бранам. Главно нешто е да и дадете да играм“.
Тогаш до израз дошла фамозната фраза ’Ако сакате да го разберете фудбалот на Гвардиола - гледајте го Јозуа Кимих’.
Две сезони подоцна Јозуа е незаменлив играч во две топ екипи:
- Единствен играч на Баерн којшто ги одигра сите 24 средби во првата полусезона од 2017/2018. Создал повеќе гол шанси од кој било друг баварец (37).
- Единствен играч на репрезентацијата на Германија кој во 2017-та не пропуштил ниту еден меч и стана најдобар асистент во квалификациите за Светско 2018 (9 гол асистенции).
Во Бундеслига Кимих воглавном игра во одбраната при што во последните шест месеци учествувал во 15 успешни напади. Тој е најкорисниот играч на репрезентацијата.
Баерн Минхен се прости со Лам пред извесно време а сега малиот Кимих го брка легендарниот десен бек по голови. Лам има 12 гола на 332 меча во Бундеслига, а Кимих 7 на 67 натпревари. За репрезентацијата на Германија, Лам даде 5 на 113 дуели (11 години репрезентативна кариера) а Кимих 3 погодоци на 25 средби (1,5 година е во националниот тим).
Јозуа не е баш новиот Филип Лам. Да го сметате Кимих за бек е исто како да купите iPhone X за да праќате смс. Кимих учел од сите главни ѕвезди на Баерн. Од Хумелс научил одличен прв пас и способност да ја чита противничката игра (минатата сезона Јозуа одиграл неколку пристојни натпревари на позицијата стопер). Од Видал научил да влегува жестоко во дуели и да излегува од нив со крвави колена.
Од Милер научил правилно позиционирање во моментите пред голот:
Од Робен научил здрав егоизам во моментите кога на партнерите не им оди (за жал, тоа е се што може да се врзе со денешниот Робен).
Пред неколку дена навивачите на Баерн Минхен го избраа Кимих за играч на годината. Тој добил повеќе гласови и од еден Роберт Левандовски:
„Не очекував тоа признание да се најде во мои раце така брзо. Пријатно ми е, но знам дека можам да играм уште подобро“, рекол скромниот Јозуа.
И покрај тоа што фудбалот отсекогаш бил на прво место кај Кимих, тој завршил школо со висока оцена (1,7). Во последно време учи шпански јазик а од дома до базата на Баерн има околу пола час, па Јозуа слуша аудиоколекција во кола. Тоа не е поради трансфер во Барса или Реал, просто сакал лесно да се разбира со сите шпанскоговорници во Баерн (во Минхен ги има пет души).
„Многу од современите фудбалери ме потсеќаат на пасхални зајци. Украсени во светли јарки бои, со шарени копачки, надмен однос на теренот и се прават важни. Јас не можам да им забранам но тешко е да се тренираат такви луѓе“, раскажува еднаш асистентот на Јуп Хајнкес, 63-годишниот Херман Герланд.
„Но има и поинакви иако се помалку. Кимих е од тие. Памтам пред мечот со Селтик во Лига на шампиони ги загревав играчите. Добро трениравме и им реков дека сесијата е завршена и дека може да одат под туш. После неколку минути кај мене дотрча Јозуа и ми кажа: „Хер Герланд, заборавивте на вежбите за игра со глава (се работи за Kopfballpendel кога играчите скокаат со тренажер). Јас и претходно го симпатизирав тоа дете а после тоа го засакав уште повеќе“, вели Хер Герланд.
На 22 години Кимих стаса до таму главниот спортски медиум во Германија Bild да сними двочасовен документарен филм за него под наслов „Верба во себе“. Репортерот на Bild Јан Менделин заедно со група новинари две години оделе по местата каде растел Јозуа и собирале портрет на херојот на новата германска генерација.
„Верба во себе“ е првиот проект за еден актуелен играч на германската репрезентација.
Германците обично снимаат такви нешта за легендите кога ќе ја завршат кариерата, но во случајот со Кимих решиле дека такво нешто нема смисла. Историјата на развојот на Кимих во врвен топ-играч е во духот со германскиот програм на воситание на талентирани млади деца.
Bild има одлична презентација и избегал од класичниот шаблон снимање документарка за статусот суперѕвезда на германскиот фудбал. За таквото нешто е најдобриот германски фудбалер во моментов, малиот Јозуа Кимих.