Едноставноста на Калашников во најголем дел доаѓа од слободниот простор меѓу деловите во работниот механизам на пушката. Ако отвориш Калашников има еден куп слободно место меѓу деловите и многу малку подвижни делови во групата кај чкрапецот.
АК47 е неверојатно лесен за одржување заради ова големо растојание и релативниот малиот број на делови. Оваа комбинација дозволува да извадиш кое било ѓубре што е заглавено во него и веднаш да продолжиш со работа. Нормално, помага ако подвижните делови ги подмачкаш со моторно масло.
Сличен дизајн има и шаржерот за куршуми кој е направен од челик за да биде отпорен на оштетување, и има механизам за полнење кој лесно се поправа во случај да заглави муницијата. Освен ова самото менување на шаржерот може да се направи со една рака (ако добро го навежбаш).
Се проценува дека од овој автомат се произведени околу 75 милиони примероци. Тој се употребува во над 100 држави низ светот.