Три од четирите топ федерални држави кои Американците ги одбираат за свој нов дома се на западниот брег: Орегон, Ајдахо и Невада. Четвртата таква дестинација е малиот Вермонт на североистокот од земјата иако се наоѓа во регион кој ги губи своите луѓе.
Најголем одлив има Илиноис (63%), следен е од Њу Џерси, Њујорк и Конектикат.
Според последниот извештај за внатрешните движења на американското население, Ајдахо испливува како држава чија популарност расте најбрзо, иако, дели граница со Вајоминг кој пак е на другиот крај на табелата (хинт:Вајоминг беше крал на јагленот). Причините за механичкиот прираст на Ајдахо веројатно лежат во тоа што е една од најевтините држави за живеење и што стапката на невработеност е под националниот просек.
Трошоците и работните перспективи се главните причини за популарноста на американскиот запад но еден од четворица доселени лица велат дека се селат затоа што западниот брег им се чини најпогоден за пензионерски денови.