Домаќинот кој во Купот на конфедерации овој месец треба да го мине тестот за добра организација, најавува нов режим на обезбедување на следните два големи спортски настани, Светското фудбалско првенство и Олимписките игри.
Викендов започнува загревањето за Светското првенство под име Куп на конфедерации. Домаќинот Бразил е главен фаворит според кладилниците, но големи шанси за уште една интернационално признание има и репрезентацијата на Шпанија.
Со просек од 30,45 долари за сендвич (еден примерок) со пилешко, сланина, зелена салата и мајонез, Женева е најскапиот град на светот по рангирањето на Хотелс.ком.
Дали конечно го добивме одговорот на прашањето зошто некои фудбалери се до толку глупави? Проблемот не бил до нивната интелигенција, туку до тоа што многу често ја удирале топката со глава.
Вака од прилика ќе изгледаа насловите во весниците по завршувањето на сезоната во Серија А, доколку судиите беа попретпазливи или можеби поненаклонети кон некои тимови.
Македонската ракометна репрезентација си ја заврши работата на гостувањето во Швајцарија и со победа од 27:22 остана во игра за второто место во групата кое обезбедува пласман на Европското првенство во 2014-та година.
Градоначалникот Блумберг го откри системот за подготовки за невреме и заштита од поплави, со кој градот ќе биде подготвен за невреме кое се случува еднаш во 500 години.
Сан Антонио Спарс поведоа со 2:1 во финалната серија во НБА лигата откако го победија Мајами со 36 разлика (113:77) благодарение на рекордните 16 тројки.
НФЛ играчот Чад Џонсон доби казна затвор во траење од 30 дена затоа што во судница го плесна својот адвокат по газ, а со тоа си го заработи и нашето признание за офсајд лик на неделата.
Во еден момент во Кока-кола сфаќаат дека сите сакаат да работат со нив, ама не заради тоа што компанијата е позната по креативност, туку затоа што е позната дека добро плаќа. Чувствуваат дека тоа не е паметно.
И покрај историската осма Грен слем титула на Роланд Гарос, Рафаел Надал наместо да се искачи, падна на најновата ранг листа и се наоѓа пред неговиот сонародник Давид Ферер.
Ако во моментов некако магично се збогатите и да речеме ви остане вишок од 1,3 милиони долари за да отидете да го купите новиот модел на Ферари, од таму ќе ве измаршираат дома заедно сосе парите.
Шпанскиот тениски ас многу лесно во три сета го совлада својот сонародник Давид Ферер на финалната пресметка на Роланд Гарос во Париз и со тоа стана првиот тенисер во историјата кој успел да освои еден ист Гренд слем турнир 8 пати.
Давид Ферер е вториот финалист на Ролан Гарос. Шпанецот си закажа финале против сонародникот Надал откако извојува лесна победа над Французинот Жо-Вилфред Цонга.
Пехарот и медалите од Лигата на шампионите сосема заслужено завршија во рацете на фудбалерите на Баерн Минхен, но не им беа цврсто закачени на врат. Рибери му го пронајде на Манџукиќ и веднаш му го врати, а оној на Жером Боатенг се прошета низ Европа и по неколку дена повторно се најде кај првакот.
По откритието дека НСА (National Security Agency) со помош на тајна судска одлука ги следи повиците на милиони корисници на Веризон, на уредниците на Тајмс им прекипе околу Обама.
Путин и официјално вчера објави дека по 30 години се разведува со сопругата и е сингл. Со ова тој стана еден од најмоќните сингл мажи на планетава. Еве го најновиот слободен маж на "пазарот" во различни животни ситуации.
84-годишната Глорија Меккензи е добитничка на историски големата лото премија, и само заради тоа што извесна Минди Крандал решила во најлошиот момент во животот да биде учтива.
Додека некои ја вежбаат совршената поза во која треба непогрешиво добро да изгледаат на сликите за Фејсбук, Индијците решија да одат под скалпел заради ФБ.
Неделава во пожар во Кина загинаа 119 работници. Бројка која колку и да изгледа страшно нема на ниту еден начин сериозно да го зголеми годишниот број на жртви на работно место во Кина.
Првиот човек на компанијата призна дека сами се виновни за константниот пад (и отпуштањето на 520 вработени) бидејќи не успеале со време да се префрлат на мобилни уреди. Не сите се согласуваат околу тоа што е неуспехот на фармерите.