Женево и Богу си скапа

Со просек од 30,45 долари за сендвич (еден примерок) со пилешко, сланина, зелена салата и мајонез, Женева е најскапиот град на светот по рангирањето на Хотелс.ком.

Швајцарскиот град го превзема првото место од Париз, како најскап град на светот за нарачување на клуб сендвич.

И покрај сумата од 30 долари, најскапиот град годинава е поевтин од шампионот за 2012-та, кога Париз беше прв на табелата со просек од 33,1 долари.

Дополнителен показател дека генерално се паднати цените е и тоа што првите три места од лани, држеа повисока цена од најскапиот сендвич за годинава.

Најголемо скок има кај Стокхолм и Копенхаген кои од 7-мо односно 9-то место во 2012-та, годинава се на 4-то и 5-то место.

Рангирањето се прави со пресметување на просекот на цената на стандарден клуб сендвич во 30 хотели во главниот град или најважниот туристички град во земјата, на ниво на хотели со 5, 4 или 3 ѕвезди. Во годинешното истражување биле анализирани 840 хотели од целиот свет.

 

14 јуни 2013 - 15:00