Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
40 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1 лажица маслиново масло
- 1 главиц кромид, крупно исецкан
- 2 чешниња лук, исецкан
- 1 лажичка мелен кориандер
- 1 лажичка кумин
- 1 лажичка цимет
- 1 лажичка црвен пипер
- 4 моркови, крупно сецкани
- 400гр. тиква, излупена и исецкана
- 1л. пилешка или зеленчукова супа од коцка
- 1 лажичка мед
- 250мл. павлака
- свежи листови кориандер
Подготовка
Загрејте масло во длабока тава на среден оган. Додадете ги кромидот и лукот да се готвата 5 минути додека да омекнат, Потоа додадете кориандер, кумин, цимет и црвен пипер. Гответе ја смесата 1 минута со постојано мешање.
Додадете ги морковите, тиква и пилешка супа од коцка. Кога супата ќе зоврие намалете ја јачината на ринглата и гответе на тивко околу 30 минути со повремено мешање. Тргнете ја супата од рингла.
Префрелете ја целата смеса во блендер и измешајте ја за да добиете кремаста смеса. Вратете ја во тавата и додадете мед и 2/3 од павлаката. Гответе ја супата на тивко 2-3 минути за да се згрее. Зачинете по желба со сол и црн бибер.
Послужете ја супата со по една лажица павлака и ливчиња кориандер.