Удар со глава го оштетува мозокот на фудбалерите

Дали конечно го добивме одговорот на прашањето зошто некои фудбалери се до толку глупави? Проблемот не бил до нивната интелигенција, туку до тоа што многу често ја удирале топката со глава.

Фудбалерите кои често ја удираат топката со глава имаат повреди на мозокот. Тоа е заклучокот на една анализа спроведена од стана на Центарот за истражување со магнетна резонанца на Алберт Ајнштајн колеџот во Њујорк.

Во истражувањето биле вклучени 37 фудбалери кои во просек се занимавале со фудбал по 22 години. Резултатите од ова истражување велат дека фудбалерите кои често играат со глава, можат да имаат оштетување исто како да претрпеле потрес на мозокот.

Просечен фудбалер може да има и до 12 удари со глава, а топката патува со брзина над 80 километри на час. За време на тренинзите фудбалерите ја удираат топката со глава и до 30 пати.

Еден удар со топка во глава нема доволна јачина за да биде штетен, но според раководителот на истражувањето, Мајкл Липтон, ударите во глава кои се повторуваат често за краток период можат да доведат до оштетување на мозочните келии.

14 јуни 2013 - 12:29