Спремни стадиони, многу пиво и проститутки полиглоти е далеку од доволно за организација на еден голем светски спортски евент ако нема добро обезбедување особено во време кога се прават терористисчки напади како оној на маратонот во Бостон.
Затоа Бразил за наредната година освен многу полиција, ќе ангажира и роботи кои ќе помагаат за сигурноста на публиката на Светското првенство, како и за Олимпијадата во 2016 година, па владата веќе потроши 3,5 милиони долари и ја направи првата нарачка од 30 роботи.
Тие тежат 60 килограми, ќе се управуваат рачно со помош на контролен механизам, а нивната задача ќе биде да ловат сомнителни удери со хемиски и експлозивни средства кои можат да ја загрозат безбедноста на стадионите. Од компанијата велат дека досега продале 5000 вакви роботи за потребите на воените сили ширум светот.
Инаку Бразил веќе најави дека ќе ангажира од 3000 до 5000 војници кои ќе се грижат за безбедноста на 12-те градови каде ќе се играат мечевите од Светското првенство идната година, прво по 1950 година.
Со оглед на големиот шверц на дрога претседателот на Бразил, Дилма Русоф изјави дека за време на Мундијалот, Бразил кој се граничи со 10 земји, граничните премини во должина од 16.000 километри ќе ги обезбедува со помош на армија од 20.000 војници.
Инаку фудбалската земја која е со мислите во 2014, паралелно е сконцентрирана и на следните 15 за кои ќе бидат ангажирани 45.000 редари кои ќе бидат распредели во 6 градови каде се играат натпреварите од Купот на Конфедерации. Со толкава бројка тие пресметале еден дека редар ќе биде задолжен да внимава за 50 гледачи.
Поради големи број инциденти и високиот степен на убиства во земјата, полицијата минатиот месец спроведе серија на вежби во пресрет на Купот на Конфедерациите, обрнувајќи најмногу на тоа како да се спречат хулиганите, но и потенцијалната опасност од тероризам.