За да можеш да го купиш новото Laferrari, потребно е да бидеш "посветен на брендот Ферари," што преведено во Ексел значи дека претходно веќе треба да поседуваш 20 до 30 Ферарија.
Новиот супер-автомобил беше откриен на Саемот за автомобили во Женева, и има V12 мотор, кој произведува 950 коњски сили. Од 0 до 100 развива за 3 секунди, а крајната брзина му е над 350 км/ч.
Речиси инстантно Ферари доби 1.000 барања за автомобилот.
Сепак, Laferrari ќе биде направен во ограничена верзија од 499 примероци. Неодамна Ферари одлучи драстично да го намали производството за да ги направи своите автомобили поексклузивни и повредни.
"'Брендот сака да расте во квалитативна смисла. Ферари нуди наследство, квалитет и ексклузивност. Јас би ги споредил овие автомобили со слики од Пикасо,' изјавил првиот човек на Ферари Америка, Марко Матијачи, за време на говорот на еден панел."