Во крајно неизвесен финиш, Бруклин Нетс едвај го совлада Вашингтон Визардс на гости со 119-118, а домашните навивачи апсолутно со право ги навредуваа судиите. Во секундите кога се кршеше резултатот, се случи еден момент кој е посвојствен за ниски дивизии во некои селски лиги.
Поранешниот мајор на руската тајна служба ФСБ со 12-годишен стаж, Александр Чумаков, во декември 2021 дава отказ на позицијата затоа што повеќе не сака да биде Александр туку сака да биде Катерина.
Контроверзниот Австралиец кој често се глупира на терен, овој пат ја фрли публиката во транс. Кирјос стартуваше успешно во првото коло на Австралија опен, со победа над Лиам Броуди од Велика Британија од 3:0 во сетови, а во еден момент сервираше за овации.
Една Јапонка поднесе тужба против донаторот на сперма кој ја забременил, наведувајќи дека бил неискрен за неговиот брачен статус, образование и етникум.
Македонската ракометна репрезентација го бележи вториот пораз на ЕП 2022. И покрај тоа што мислевме дека сме поквалитетни, нашите ракометарите не ја докажаа фаворитската улога, а тоа Црна Гора сурово го казни на чело со одличниот Симиќ кој нè отпиша со фантастични 12 интервенции.
Австралија и дефинитивно ја претера со случајот Новак Ѓоковиќ и го третира како да е најголем криминалец во светот. На два дена до првиот меч кој е неизвесно и дали ќе го игра, го вратија во хотелот за мигранти.
Актуелниот шампион Милвоки Бакс го прегази Голден Стејт Вориорс 118-99. На полувреме Бакс водеа неверојатно 77-38, 39 разлика. Јанис Антетокумпо како да играше против мали деца.
Македонската репрезентација го отвори својот 7 настап на Европските првенства и го одигра 35 натпревар на континенталните собири. Ќе го паметиме по добра и борбена игра, но и болен пораз од фаворитот Словенија.
Убава вест стигна попладнево, нашиот најдобар голман Никола Митревски е негативен на последниот тест и ќе може да отпатува во Унгарија за да се приклучи на селекцијата. Најверојатно ќе биде спремен за вториот меч во групата против Црна Гора. Вечерва отвораме против стар познаник.
Срцевите проблеми и тешкотиите со дишење и натаму продолжуваат на фудбалските терени. На еден натпревар во Катар меѓу Ал Рајан и Ал Вакра, гостинскиот фудбалер Усман Кулибали во еден момент се струполил на земја и почнал неконтролирано да се тресе во конвлузија.
Легендарната трка Дакар која се вози уште од 1979-та година во 44. издание кое почна од 1 јануари и ќе заврши на 14-ти, се вози низ Саудиска Арабија од Хаил до Џеда. На женската трка, на екипажот од Шпанија, Мерсе Марти и Марго Јобер им се преврте возилото па локалните Арабијци им помогнаа да го кренат и да го вратат на патеката.
Во пресрет на големото дерби Интер - Јувентус во Суперкупот на Италија кој се игра вечерва, тренерот на бјанконерите Макс Алегри изјави дека нивниот прв голман Шчесни според протоколот ќе мора со кола да дојде до стадион, не со клупскиот автобус, ама после ќе може да биде во соблекувална, да се тушира со соиграчите па и да брани.
Само неколку репрезентации кои ќе играат на Европското првенство во Унгарија и Словачка немаат позитивни случаи во стручниот штаб или меѓу ракометарите. Македонија остана без најважната карика, голманот Никола Митревски и без уште четворица други кои беа позитивни.
Мемфис Гризлис продолжува да игра сјајно и синоќа со 116:108 го совлада вториот тим на Западот Голден Стејт Вориорс кој има учинок 30 победи и 10 порази. Главен јунак на триумфот одново беше кандидатот за МВП, Џа Морант кој постигна 29 поени со 5 скока и 8 асистенции. Во финишот под фаул даде кош за потврда на победата ама зад конструкцијата на кошот се замери со едни мали деца кои му правеа „да пукне“.
До моментот кога Џина Дејвис го снима „Телма и Луиз“ во 1991, веќе е позната по „Битлџус“ и „Тутси“. Имаше и Оскар за „Случајниот турист’. Сепак, баш со тој филм ѝ се случила промена, благодарение на Сузан Сарандон.
Најдобриот тенисер во светот ја признава грешката што позитивен на Ковид дал интервју за француски Л`екип и објасни кај била утката при влез во Австралија.
После арапски, руски и американски бизнисмени, во англиската Премиер лига последни влегуваат еден чешки гигант од Брно и еден српски милијардер од Крагјуевац.
Африканскиот Куп на нации уште во прво коло донесе сензационален резултат. Ѕвездата Марез остана во сенка, а херој е анонимен голман од Сиера Леоне кој бранеше како лудак. За национален херој го прогласија и тоа за нерешен резултат.