Да не ја правиме јапонската

Една Јапонка поднесе тужба против донаторот на сперма кој ја забременил, наведувајќи дека бил неискрен за неговиот брачен статус, образование и етникум.

Анонимната 30-годишна жена од Токио изјавила дека со сопругот сакале второ дете, но биле загрижени откако откриле дека тој има наследна болест. Откако одлучиле да искористат донирана сперма, нашле човек на возраст од 20 години на социјални мрежи (!!!) кој тврдел дека е самец, дипломиран на универзитетот во Кјото (еден од најдобрите јапонски универзитети). Откако имала секс со донорот 10 пати (!!!) жената забременила во јуни, 2019.

Во поодмината бременост открила дека донаторот е женет Кинез што никогаш не студирал на универзитетот во Кјото. Откако родила, го дале бебето на посвојување и во моментов е згрижено во детски центар во Токио, а донаторот го го обвинува дека ѝ давал лажни информации за да има секс со нејзе. Сега му бара околу 2,8 милиони долари како компензација за претрпениот стрес.

Според јапонските закони за „право на знаење“, потомците на донатори на сперма имаат легално право да знаат кои им се родители. Многу донатори бираат да останат анонимни, па во земјата е комплицирано да се најдат.

Сѐ повеќе парови во Јапонија се вртат кон социјалните мрежи за да си го решат проблемот и наводно 10 000 деца се родени со „инволвирање трета страна“.
Минатото лето се отвори првата банка за сперма, за да се понудат безбедни опции за паровите што се обидуваат да зачнат. Директорот, д-р Хироши Окада предупредува дека „инсеминација без надзор“ е здравствен ризик и може да предизвика и други опасности.

„Не само што е ова безбедносен проблем, туку може да биде криминално и екстремно опасно,“ го цитираат Окада. „Спермата што се дава може да носи инфекции. Не знаеме дали му припаѓа на тој човек или не. Кога ќе се роди детето, може да излезе дека спермата не била воопшто ни јапонска. Такви луди работи се случуваат.“

Според Окада, 96,4% од 140-те платформи за донирање сперма не се безбедни, а забележува дека и многу од нив служат како параван за измами.

17 јануари 2022 - 00:00