Македонската ракометна репрезентација ќе стартува на ЕП без еден од најдобрите поединци, а тоа е голманот Никола Митревски кој брани во животна форма за Порто.
Покрај искусниот чувар на голот, позитивен на Ковид е уште еден голман, а тоа е Марко Кизиќ, што значи само Мартин Томовски е на располагање од тие што беа на подготовките.
Поради коронавирус, на почеток отпаѓаат и крилото Гоце Ојлески и левиот бек Михајло Младеновиќ, а петтиот позитивен е кондицискиот тренер Петар Баснарков.
Џокери на голманската позиција се Благојче Трајковски од Еурофарм Пелистер 2 и Градимир Чаневски од Бутел кои не беа дел од подготовките и кои влетуваат како замени од поширокиот список.
Според Ковид протоколите на ЕХФ, позитивните ќе мораат да бидат пет дена во изолација, а потоа со два негативни теста ќе може да бидат на располагање.
Македонија групната фаза ја стартува на 13 јануари против Словенија, а потоа следат мечеви против Црна Гора (15 јануари) и Данска (17 јануари).
Список на ракометари за ЕП 2022
Голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски
Леви крила: Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски
Леви бекови: Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
Централни бекови: Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев,Горан Крстевски
Пивоти: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Костадин Петров, Кристијан Симоновски
Десни бекови: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Десни крила: Никола Костевски, Гоце Георгиевски
Селектор: Кирил Лазаров
Mакедонската ракометна репрезентација полетува денес за Дебрецин во 14 часот.