Три пати мери, еднаш сечи со еден тренер во НБА

Во крајно неизвесен финиш, Бруклин Нетс едвај го совлада Вашингтон Визардс на гости со 119-118, а домашните навивачи апсолутно со право ги навредуваа судиите. Во секундите кога се кршеше резултатот, се случи еден момент кој е посвојствен за ниски дивизии во некои селски лиги.

Помошникот на Стив Неш, тренерот на Бруклин, Дејвид Вонтерпул им скрати еден напад на домашните откако го фати баскетот при додавање од Кајл Кузма. Кошаркарите и навивачите на Вашингтон се чудеа.

А најјако беше што судијата стоеше буквално на метар од настанот и виде што се случи:

Тренерот на Визардс, Џозеф Блер после мечот изјавил: „Не сум видел вакво нешто никогаш во цела моја кариера“

Повратникот во составот на Бруклин Нетс за гостинските дуели, Кајри Ирвинг одигра врвен меч со 30 поени, 7 асистенции и 3 скока. Имаше голема поддршка од ЛаМаркус Олдриџ кој уфрли 27 поени, со 6 скока и 3 асистенции. Харден ја заврши средбата со 18 поени, 8 скока и 9 асистенции. 

20 јануари 2022 - 12:16