- Некогашниот најдобар светски напаѓач, откако ја напушти клупата на Украина која што ја одведе на Евро 2020, на 7 ноември минатата година седна на клупата на најстариот италијански прволигаш. Добива отказ по само 69 дена.
- Андреј Шевченко ја водеше Џенова на 11 меча и освои само 3 бода, без ниту една победа. Договорот на Шевченко е раскинат од страна на управата така што Украинецот до 30 јуни 2024 година ќе ја добива договорената плата од 2,4 милиони евра.
- Трпението на новите сопственици на Џенова истекло по поразот на Џенова од Милан во Купот на Италија после продолженија.
- На место на Шевченко привремено решение, како в.д. тренер е поставен Абдулај Конко кој некогаш играше за Лацио, а него ќе му помага досегашниот тренер на младинците на Џенова Роберто Мурџита.
- Клубот води преговори со 56-годишниот Германец со италијански корени, Бруно Лабадија кој во Германија ги водеше Баер Леверкузен, Хамбург, Штутгарт, Волфсбург и Херта Берлин.
- Шевченко беше споменуван како наследник на Португалецот Соуса на клупата на Полска која остана без селектор откако овој замина во бразилскиот фудбал во пресрет на бараж натпреварот за пласман на Светско првенство, против Русија во Москва.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.