Соопштение на Ѓоковиќ за целата лакрдија

Најдобриот тенисер во светот ја признава грешката што позитивен на Ковид дал интервју за француски Л`екип и објасни кај била утката при влез во Австралија.

По една недела драмолетка, Новак Ѓоковиќ се произнесе за неговиот случај кој стана топ тема.

Образложува зошто се појавил на закажаните активности после 16 декември кога бил заразен од коронавирус и признава каде згрешил.

Потоа ја објаснува грешката во пополнувањето на формуларот за виза која ја направиле од неговиот тим.

„Сакам да ги коментирам дезинформациите за моите активности и присуството на настани во декември, кои претходеа на мојот позитивен тест на коронавирус.

Ова е дезинформација која мора да се негира, особено во интерес на ублажување на загриженоста на јавноста за мојот престој во Австралија, како и за разјаснување на работите кои се штетни и загрижувачки за моето семејство.

Би сакал да нагласам дека работев напорно за да ја осигурам безбедноста на сите, како и да се придржувам до тестирањето.

Присуствував на кошаркарски натпревар во Белград на 14 декември, по што се појави информација дека многу луѓе се позитивни на Ковид 19. Иако немав симптоми на коронавирус, направив брз антиген тест на 16 декември, кој беше негативен, а како мерка на претпазливост истиот ден направив и ПЦР.

Следниот ден присуствував на тениски настан во Белград за да им делам награди на деца и направив брз антиген тест, кој беше негативен.

Немав никакви симптоми, се чувствував добро и не добив известување за позитивен ПЦР тест до крајот на тој настан.

Следниот ден, на 18 декември, бев во мојот тениски центар во Белград за да дадам интервју за Л’екип. Ги откажав сите други обврски освен интервјуто за Л’екип.

Се чувствував должен да го дадам интервју за „Л’екип” бидејќи не сакав да го изневерам новинарот, но се погрижив да ја задржам пропишаната дистанца и постојано носев маска, освен кога ме фотографираа.

Иако по интервјуто отидов дома за да се изолирам за потребниот период, кога ќе размислам сега, тоа беше грешка и прифаќам дека требаше да ја одложам таа обврска.

Што се однесува до деталите за патувањето, документите беа пополнети од мојот тим во мое име, а тоа им го кажав и на службениците за имиграција по пристигнувањето. Мојот агент искрено се извинува за административната грешка затоа што означи погрешна ставка за патувањето пред да пристигне во Австралија. 

Тоа беше човечка грешка и дефинитивно ненамерна. Живееме во предизвикувачки времиња, во глобална пандемија и понекогаш може да се случат грешки. Денес, мојот тим обезбеди дополнителни информации до австралиската влада за да се разјасни ситуацијата.

И иако сметав дека е важно да се разјаснат дезинформациите, нема да давам дополнителни коментари од почит кон австралиската влада и нејзините власти и тековниот процес.

Секогаш е чест и привилегија да се игра на Австралија Опен. Отвореното првенство го сакаат играчите, навивачите и заедницата, не само во Викторија и Австралија, туку и ширум светот, а јас само сакам да имам можност да се борам со најдобрите тенисери во светот и да играм пред една од најдобрите публики во светот“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

12 јануари 2022 - 10:53