Во 18 часот во „Феникс Арена“ во Дебрецин македонската репрезентација ќе игра против Словенија, селекција која според обложувалниците важи за апсолутен фаворит.
Против „змајчеки“ имаме големи триумфи и тоа на Европските првенства. Прва голема победа прославивме во 2012-та во Белград, кога триумфиравме 28-27 во меч за високото петто место на континенталниот собир, најдобро во историјата на нашиот репрезентативен ракомет.
Шест години подоцна, во Загреб исто на Европско првенство победивме 25-24.
Од друга страна, Словенија ни го зема скалпот на секој меч на Светските првенства. Во 2015-та нè добија 30-28, а во 2017 во Франција Словенците убедливо победија 29-22.
Пред речиси една година на Мундијалот во Египет, го имавме најбледото издание на некој голем собир и загубивме 31-21.
ДОСЕГАШНИ МЕЃУСЕБНИ СРЕДБИ НА МАКЕДОНИЈА И СЛОВЕНИЈА:
9 ЈУНИ 2007 (БАРАЖ ЗА ЕП)
СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 33:28 (14:14)
16 ЈУНИ 2007 (БАРАЖ ЗА ЕП)
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 32:33 (16:16)
27 ЈАНУАРИ 2012 (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 28:27 (16:12)
25 ЈАНУАРИ 2015 (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 28:39 (15:16)
16 ЈАНУАРИ 2017 (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 22:29 (10:16)
13 ЈАНУАРИ 2018 (ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО)
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 25:24 (11:11)
20 ЈАНУАРИ 2021 (СВЕТСКО ПРВЕНСТВО)
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 21:31 (9:13)
Што се однесува до првиот меч на сите Европски првенства досега имаме: 2 победи (Словенија, Украина), 3 порази (Унгарија, Данска, Франција) и 1 реми (Шведска).
Според предвиденото на ова Европско првенство, ќе биде дозволен само 50% од капацитетот со по 25% влезници за навивачите на двете селекции.
Прочитајте и уште:
Како Македонија ја билда атмосферата пред мечот со Словенија
Одлични вести за Македонија, Митревски е негативен
Од играње на влажни бетони до најдобар десен бек во светот: Последниот танц на балканската икона