Уште еден чуден протокол, овојпат со голманот на Јувентус

Во пресрет на големото дерби Интер - Јувентус во Суперкупот на Италија кој се игра вечерва, тренерот на бјанконерите Макс Алегри изјави дека нивниот прв голман Шчесни според протоколот ќе мора со кола да дојде до стадион, не со клупскиот автобус, ама после ќе може да биде во соблекувална, да се тушира со соиграчите па и да брани.

Според едно ново правило во Италија од 30 декември 2021, а кое почнува да важи од 10 јануари, изменети се протоколите за ковид пасошот green pass и карантинот.

Што конкретно ова значи во спортот?

Фудбалерите со најмалку една примена вакцина после која поминале барем 15 дена, ќе можат регуларно да се најдат на теренот и да играат. Но...

Голманот на Јувентус Војчех Шчесни е исклучок, зошто примил прва доза вакцина меѓу крајот на 2021 и првите денови од новата година (не е наведено кој ден точно), така што тој како последица на тоа ќе може да игра но со негативен тест. Но полскиот репрезентативен голман нема да патува со клупскиот автобус со екипата, туку добил возило со кое сам ќе дојде во Милано и после мечот сам ќе се враќа назад.

А во меѓувреме ќе може да биде во соблекувална, да се пресоблекува, да се тушира со соиграчите зошто според правилникот „е професионален фудбалер кој на терен ја врши својата професионална должност“.

На тренерот Алегри не му останале ништо друго, освен да го најави како резерва на натпреварот. Прв голман на Јуве вечерва ќе биде резервистот Матија Перин кој сезонава бранеше само три пати и тоа на домашен терен (во победите против Фиорентина и Сампдорија и во поразот од Сасуоло).

„Сите играчи се вакцинирани, но Тек беше последен и тој ќе дојде на стадионот во последен момент, така што ќе тргне од клупата“, изјави Алегри.

Шчесни беше јунак на неверојатната победа на Јувентус од 3:4 над Рома после голем пресврт од 3:1 минатото коло во Серија А во Рим.

12 јануари 2022 - 16:00