Јунакот Хамес Родригез му спаси живот на еден фудбалер

Срцевите проблеми и тешкотиите со дишење и натаму продолжуваат на фудбалските терени. На еден натпревар во Катар меѓу Ал Рајан и Ал Вакра, гостинскиот фудбалер Усман Кулибали во еден момент се струполил на земја и почнал неконтролирано да се тресе во конвлузија.

И покрај моралните и етички правила ваквите сцени да останат надвор од преносот, камерманите неколку секунди во крупен кадар ја прикажаа епизодата која изгледаше драматично. 32-годишниот Кулибали лежеше неподвижно.

Набрзо стигнала информација дека тој имал срцев удар и го однеле во болница.

Мечот беше прекинат при резултат 1:0 за домаќините, а се доиграл следниот ден кога Ал Рајан победил 3:0. Пред продолжението на средбата следниот ден, сите играчи и тренери со цвеќиња и во коридор и пречекаа лекарите на двата тима кои со брза интервенција го спасија Кулибали.

Но докторот на Ал Вакра, Мухтар Шабан рекол дека еден од клучните чекори во спасување на Усман Кулибали направил Хамес Родригез, некогашната ѕвезда на Реал Мадрид и Баерн Минхен кој веќе неколку сезони игра во Ал Рајан.

Колумбиецот успеал прв да истрча и да му притекне во помош на Кулибали. Му ја потпрел главата на своите раце, за да може нормално да дише. За среќа брзо стигнале и лекарите кои ја стабилизирале состојбата на Кулибали.

Усман Кулибали е роден во Париз, ја почнал кариерата во француските клубови Брест и Генгам. Подоцна играл во Грција за Платаниас и Панатинаикос, а во Катар е од 2019-та. 

13 јануари 2022 - 11:56